Продажбата на користени автомобили во Велика Британија опаднала за 48,9% во второто тромесечје како последица од затворањето на плацевите, но кон крајот на кварталот повторно бележи раст. Најпродаван модел е Ford Fiesta, пред Volkswagen Golf и Ford Focus.
Само 1.039.303 користени возила се продадени на британскиоот пазар во периодот меѓу април и јуни, што е пад за 48,9 проценти во споредба со истиот период лани. Кон крајот на јуни, продажбата сепак продолжила да расте и разликата во споредба со ланскиот јуни изнесува само 17,5 проценти. Наспроти тоа, пазарот во април бил намален за три четвртини.
Експертите остануваат резервирани во предвидувањата дали трендот ќе се задржи. Закрепнувањето на пазарот е неизвесно покрај економската ситуација. Покрај тоа, мора соодветно да заживее и продажбата на нови автомобили, за пазарот на користени возила да се освежи.
По растот од 44,8% во продажбата на користени електрични возила во првиоот квартал, нивниот пазар се намалил за 29,7% во вториот квартал, на 2.288 возила. Приклучните хибриди исто се во -56,2% со 3.249 продадени возила. Бензинците и дизелите имаат пад од 49,2% односно 48,5% соодветно. Нивната продажба сепак сочинува 98,3% од вкупниот пазар, со 1.021.963 возила.
Најпродавани модели на пазарот на користени возила
Во Велика Британија, во второто тромесечје 2020
https://photos.app.goo.gl/TAUsTecCWE9fDSvX8
Најпопуларни се градските модели (-52,4%), на кои отпаѓаат 30,5% од пазарот. Најмало опаѓање во продажбата има кај луксузните лимузини, чијшто пад изнесува 30,4 проценти.
Во првите шест месеци од 2020 година, бројот на продадени користени возила опаднал за -28.7%, со 2,89 милиони промени на сопственост.
















