за

Touareg со дизел V8 заминува со спец-серија од 400 примероци

Моделот со најсилниот дизел во сегментот, способен да влече приколка до 3,5 тони, заминува со лимитирана серија, со цена на примерок од преку 100.000 евра.

Volkswagen Touareg V8 „Last Edition“
Volkswagen Touareg V8 „Last Edition“

Моделската изведба со најсилниот дизел во класата, Volkswagen Touareg V8 TDI, заминува од гамата на луксузниот СУВ со специјална серија од 400 примероци. Има еден проблем: Серијата е достапна само во Германија.

Наскоро завршува една важна ера за Volkswagen. Крстосувачот Touareg V8 TDI, автомобилот со најсилниот дизел во својата класа, со 421 КС, заминува од понудата на Волфсбург. За поздравување со оваа моделска изведба, Volkswagen ќе изработи специјална серија со којашто ќе ги одушеви љубителите на овој модел, а воедно на сцената ќе ѝ обезбеди колекционерски примерок што ќе вреди многу и по деценија или две – Volkswagen Touareg V8 „Last Edition“.

Специјалниот модел ќе се изработи во 400 примероци и однадвор се распознава по каросериските детали што се лакирани во сјајна црна боја. Секој примерок носи плочка на средишниот столб, на којашто е напишано „Last Edition“, но е наведено и бројот на примерокот во серијата, на пример 1/400.

Како основа за ексклузивниот модел служи Touareg R-Line со стилски пакет во црна боја. Арките на крилата се лакирани во сјајна црна боја, исто како и дифузорот, додека рачките на вратите се во обична црна боја. Опремата на „Last Edition“ е тоа што го прави моделот да биде уште повеќе посебен – IQ. Light со матрични диодни светла и дигитален кокпит, приспособливо подвозје со систем против навалување на каросеријата и бандажи со дизајн „Suzuka“ од 21 инчи. За бојата на каросеријата може да се избира меѓу бела, антимон сребрена металик, силициум сива металик, малбек црвена металик, црна со бисерен ефект и бела со посебен бисерен ефект.

По принципот, кој прв, автомобилот нему…

Ексклузивниот и лимитиран специјален модел ќе биде достапен за нарачки од 17-ти август. Поради ограничената серија, при нарачката ќе се следи принципот „First come, first serve“. Цената на моделот што посебно се нуди за германскиот пазар изнесува 104.361 евра.

Touareg R ќе биде новиот знаменосец во гамата на Volkswagen

Новиот Touareg R во иднина ќе биде знаменосец на марката. Моќниот хибриден погон се грижи во исто време за динамични перформанси и за штедливост. До стартот на продажбата на овој модел, Volkswagen ќе го нуди Touareg V8 „Last Edition“.

Touareg R е приклучен хибрид со системска моќност од 462 КС, со комбинација од V6 TS со 340 КС, електромотор со 136 КС и батерија од 14,1 kWh.

New photo by Automedia MK / Google Photos
Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Nissan Leaf 4R Energy reciklirani baterii 1

За 15 години Европа ќе рециклира 700.000 тони батерии годишно

Skoda испраќа 250 возила на Тур де Франс

Skoda испраќа 250 возила на Тур де Франс