За 15 години Европа ќе рециклира 700.000 тони батерии годишно

Nissan Leaf 4R Energy reciklirani baterii 1
Литиум јон батерија од Nissan Leaf

Како што се зголемува бројот на електрични автомобили, така се поставуваат нови прашања во поглед на промените што доаѓаат со тоа. Проблем се батериите што ќе треба да се рециклираат откако ќе помине нивниот век на користење.

Според објавата на познатиот француски Ле Паризиен, специјализираната компанија за рециклирање СНАМ се подготвува за големите предизвици во годините што доаѓаат. Станува збор за еден од водечките субјекти на полето на рециклирањето. СНАМ располага со големо искуство во специјалната постапка на рециклирање на батерии од електрични автомобили. Неопходна е врвна експертиза при постапувањето со токсичките и ретки киселини.

Од компанијата откриваат податоци што укажуваат на сериозноста на проблемот и на неопходноста од преземање соодветни мерки. Во 2027 година, обемот на батерии за рециклирање ќе достигне 50.000 тони. Но, веќе во 2035 година, Европа ќе се соочи со обем од 700.000 тони батерии од електрични автомобили што ќе треба да се рециклираат. Моментно ширум Европа се рециклираат само околу 15.000 тони годишно.

Француската влада бара 50% од литиум-јон батерии да се рециклираат. СНАМ моментно рециклира над 70 проценти. Со 120 вработени, СНАМ секоја година рециклира 600 тони батерии од електрични автомобили, во погоните што се оддалечени 20 километри од Лион. Во следните години Европа очигледно ќе се соочи со енормно зголемена побарувачка од работна сила во рециклирањето на батериите од постоечките и идните електрични автомобили.

Швеѓани градат фабрики за батерии вредни три милијарди долари

Претходна објаваЦркви во Британија заработуваат £20.000 од наем на паркинг
Следна објаваTouareg со дизел V8 заминува со спец-серија од 400 примероци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here