Цркви во Британија заработуваат £20.000 од наем на паркинг

Цркви во Британија заработуваат £20000 од наем на паркинг
Цркви во Британија заработуваат £20000 од наем на паркинг

Повеќе од 100 цркви во Велика Британија заедно заработуваат месечно 20.000 фунти од изнајмување на паркиралиштата. Тоа се добредојдени средства за тековното одржување.

Изнајмување на слободниот простор, за своите автомобили да ги паркираат возачите што имаат потреба од паркинг, им носи по 200 фунти месечно на стотина цркви во Велика Британија што ја нудат оваа услуга. Тоа е податокот до којшто дојде онлајн-порталот за посредување за паркинг YourParkingSpace.co.uk, откако утврди дека на списокот на понудувачи на паркинг има и голем број цркви.

Покрај 16.000 регистрирани цркви, тоа е само мал дел од вкупниот број цркви што постигнува дополнителна заработка од паркирање. Според процените на порталот, повеќе од 85% од црквите во земјата располагаат со простор што може да се користи за изнајмување за паркинг.

Црквата на Св. Вилфрид во Харогејт рано ја утврдила оваа можност и го понудила неискористениот простор. Дополнителна придобивка е тоа што поради зголемената раздвиженост на просторот на црквата се намалиле и случаите на престапничко однесување. Тоа го потврдува и полицијата, според чијшто статистики, секој ден во црковниот имот се случуваат по 19 престапнички дела.

>>> Казна за погрешно паркирање во Келн се плаќа во супермаркет

 

Претходна објаваKia Sonet произведен во Индија, создаден за цел свет
Следна објаваЗа 15 години Европа ќе рециклира 700.000 тони батерии годишно

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here