за

Kia Sonet произведен во Индија, создаден за цел свет

Kia го прикажа новиот модел Sonet пред светот. Компактниот кросовер е веќе втор модел со знакот на Kia што е произведен во Индија и ќе се продава на неколку големи пазари ширум светот

Kia Sonet произведен во Индија, создаден за цел свет
Kia Sonet произведен во Индија, создаден за цел свет

За помалку од шест месеци откако Kia Seltos имаше премиера како концептен автомобил на салонот во Њу Делхи во февруари, Kia цени дека е вистинско време пред светот да ја прикаже и сериската изведба на компактниот СУВ. Новиот модел се произведува во Анантапур, во индиската сојузна држава Андра Прадеш. Автомобилот е осмислен како паметен урбан СУВ, што ќе се продава на уште неколку големи пазари ширум светот, по примерот на Seltos.

Изгледот ги покажува препознатливите обележја на дизајнот на Kia, со младешки стил и со нишка на премиум карактер. Тоа ќе го издвојува Sonet во уличната слика. Присутни се актуелните дизајнерски цитати на Kia, како тигарскиот нос и диодните дневни светла како „отчукувања на срцето“, заедно со впечатлив заштитен панел под браникот. Формата на задниот столб е карактеристична, исто како и задното стакло по целата ширина на каросеријата.

Понудата од погонски единици вклучува најразлични изведби, од два бензинци од новата генерација Smartstream, едниот 1,2-литарски, другиот 1.0 T-GDi, како и дизел од 1,5 литар. На избор стојат и пет варијанти на менувачи, мануелен со пет или шест степени, со двојна спојка со 7 степени, а не отсуствува и новиот интелигентен менувач iMT од неодамнешното освежување на Sonic, кој е иновативен по тоа што нема механичка врска меѓу педалата и спојката, туку се користи чисто електронска врска. Првпат во сегментот се нуди и 6-степен автоматик за дизелот.

Kia ужива еден вид статус на премиум марка на индискиот пазар

Во поглед на опременоста, изборот се сведува на две нивоа. Во повисокото ниво GT-Line, компактниот СУВ добива поспортски изглед и неколку интересни функции плус. Kia Sonet пристига со неколку премиери во сегментот и општо на индискиот пазар. Меѓу нив се средишен дисплеј од 10,25 инчи со висока резолуција и навигација во реално време, вирусна заштита во филтрацијата на воздухот во кабината, озвучување Bose, вентилирани предни седишта, амбиентално осветлување, далечинско стартување на моторот, обновување на софтверот over-the-air, повеќе режими на возење и безжично полнење телефон со функција на ладење.

Индискиот огранок на Kia ќе продолжи со постојната динамика на лансирање нови модели на секои шест до девет месеци. Мала е веројатноста Kia Sonet да се појави во европските салони, марката тука го нуди Stonic, кој неодамна доживеа моделско освежување и на крајот на летото се очекува да стартува и на нашиот пазар.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> Kia Stonic комотно ѝ се спротивставува на конкуренцијата

Kia Stonic комотно ѝ се спротивставува на конкуренцијата

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford стартува со производство на Focus EcoBoost Hybrid

Ford стартува со производство на Focus EcoBoost Hybrid

Цркви во Британија заработуваат £20000 од наем на паркинг

Цркви во Британија заработуваат £20.000 од наем на паркинг