за

Skoda Kodiaq и Superb добиваат топ-дизел со 200 КС

Знаменосците во лимузинската и СУВ-понудата на Skoda добија дволитарски TDI со 200 КС. Порше Македонија веќе ги има цените, Kodiaq во топ-нивото Style стартува од 41.650 евра, кај Superb понудите почнуваат од 38.170 евра.

Skoda Kodiaq и Superb добиваат топ-дизел со 200 КС

Skoda вградува нов топ-дизел во Kodiaq и Superb. Дизелот од генерацијата Evo располага со зафатнина од два литри, постигнува 200 КС и доаѓа во комбинација со 7-степен менувач со двојна спојка. Моторот ја исполнува нормата Euro 6d-ISC-FCM (AP) што ќе важи од јануари.

Дволитарскиот TDI со 200 КС во Kodiaq стандардно доаѓа со погон на сите тркала. Кај Superb има избор меѓу верзија со преден погон или 4х4. Варијантата со преден погон кај Superb ќе следи наскоро, додека истата веќе е достапна за Superb Combi. Големата лимузина на Skoda со новиот дизел, во ценовникот на Порше Македонија стартува од 38.170 евра во врвното ниво Style, за комби-изведбата се доплаќа 1.000 евра. Kodiaq со овој мотор стартува од 41.650 евра.

Како сите големи дизели во понудата на марките од концернот VW, топ-дизелот на Skoda располага со двојно третирање на издувните гасови со SCR-редукција, што количината на азотни оксиди ја намалува до 80 проценти. Станува збор за постапка наречен Twindosing, во којашто Адблу се впрскува пред двата катализатори што се постaвени едно по друго. Новиот мотор доаѓа во замена за претходната изведба со 190 КС.

Двестекоњскиот TDI во Kodiaq е комбиниран со погон на сите тркала и 7-степен DSG. Моторот е достапен во нивоата на опрема Style, Laurin & Klement, Scout и Sportline.

Сите моделски варијанти во гамите на Skoda Superb и Kodiaq што се достапни со новиот 2.0 TDI 200:

(цени за македонскиот пазар, Порше Македонија, за моделско годиште 2021, објавени на 21-ви септември 2020)

Skoda Superb 2.0 TDI DSG Ambition 33.730 евра

Skoda Superb 2.0 TDI DSG Style 38.170 евра

Skoda Superb 2.0 TDI DSG 4×4 Ambition 35.910 евра

Skoda Superb 2.0 TDI DSG 4×4 Style 40.380 евра

Skoda Superb Sportline 2.0 TDI DSG 37.960 евра

Skoda Superb Sportline 2.0 TDI DSG 4×4 40.170 евра

Skoda Superb L&K 2.0 TDI DSG 41.290 евра

Skoda Superb L&K 2.0 TDI DSG 4×4 44.130 евра

– за каросериска изведба Combi се доплаќа 1.000 евра

Skoda Superb Scout 2.0 TDU DSG 4×4 40.670 евра

Skoda Kodiaq 2.0 TDI DSG 4×4 Style 41.650 евра

Skoda Kodiaq Sportline 2.0 TDI DSG 4×4 41.480 евра

Skoda Kodiaq L&K 2.0 TDI DSG 4×4 45.990 евра

Skoda Kodiaq Scout 2.0 TDI DSG 4×4 42.540 евра

>>> Тест: Skoda Octavia 2.0 TDI DSG Style

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Blaupunkt Airpure пречистувач за воздух

Преносен уред на Blaupunkt го чисти воздухот во кабината

Нирбургринг продаде 5.000 карти за Ф1-трката за два часа

Нирбургринг продаде 5.000 карти за Ф1-трката за два часа