Преносен уред на Blaupunkt го чисти воздухот во кабината

Blaupunkt Airpure пречистувач за воздух

Системот за филтрирање во Blaupunkt Airpure ги отстранува од возухот нечистотиите како издувни гасови, чад од цигари, честички од гуми, полен и неразградливи честички. Прво грубиот филтер ги собира крупните честички, како перут или прашина, но и влакна. По него следи хепа-филтер што ги филтрира микроорганизмите, бактериите и поленот.

Последниот слој се состои од активен јаглен и од воздухот ги отстранува силните миризни, органските соединенија (VOC) и опасните гасови. Квалитетот на воздухот се изразува преку вредноста на PM2,5 честички и истиот се прикажува скалесто преку светлечки диоди на посебен прстен на уредот.

Пречистувачот за воздух исто така прикажува кога ќе биде потребно да се замени филтерот. Во нормален случај, филтерот дејствува 300 работни часови.

Микроорганизмите, како батериите и бацилите, се умртвуваат со УВ-ламба, што работи со бранова должина од 253,7 нанометри. На тој начин се уништуваат нуклеинските киселини на најситните организми. Воздухот се чисти од непријатни мириси. Покрај тоа, посебен сад со арома во филтерот може да испушта ароматични масла во кабината.

Airpure AP 1.1 може да се постави во држачот за чаша и да се приклучи преку USB. Уредот се продава по цена од околу 90 евра. Заменскиот филтер чини околу 10 евра.

>>> Бесмислено или генијално: Филтер за воздух за велосипедисти

Претходна објаваЛукоил со нова програма, поените се претвораат во гориво
Следна објаваSkoda Kodiaq и Superb добиваат топ-дизел со 200 КС

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here