за

Бесмислено или генијално: Филтер за воздух за велосипедисти

Бесмислено или генијално: Филтер за воздух за велосипедисти
Бесмислено или генијално: Филтер за воздух за велосипедисти

Додека возачите и патниците во автомобилите дишат чист воздух во кабината, велосипедистите директно се изложени на загаден воздух. Тоа може да се смени, според замислата на една млада фирма што бара инвеститори на кикстартер. Нивната идеја е: „Личен“ филтер за воздух.

На велосипедистите не им е најпријатно кога треба задишани да минат покрај колона автомобили што чека да ѝ дојде редот на оптоварена крстосница. Честичките од согорувањето, од триењето на гумите со асфалтот и од абењето на сопирачките, реално го загадуваат воздухот во многу поголема мера отколку што прикажуваат мерните станици. Сето тоа завршува во белите дробови на велосипедистите, на пешаците, на џогерите, сите.

Една млада компанија што бара подржувачи на проектот и нарачатели на својот производ, преку познатата платформа кикстартер, има решение. Пронајдокот на тимот од Лос Анџелес е апарат што го вшмукува воздухот од средината и го пречистува во посебен филтер. Уредот работи на батерија и се прицврстува на задната страна на велосипедскиот шлем. Има и светилка што функционира како мачкино око. Свитливо црево го доведува воздухот до лицето.

Дополнително се нуди и затворена маска, за целосно да се исклучи нечистиот воздух од средината. Уште една опција е загревање на воздухот, што секако ќе се цени во зимно време. Последниот степен е целосна заштитна маска за уста и нос.

Батеријата испорачува енергија за 9 часови работа на филтерскиот систем. Доколку се грее воздухот, времето се скусува на 6,5 часови. Полнењето се врши преку УСБ-кабел.

Уредот чини 64 долари во основната изведба, односно околу 60 евра. Целта е во следните дваесетина денови да се обезбедат 10.000 долари, по што ќе се организира производството, за тоа да стартува во август. Испораките ќе следат во септември.

http://kck.st/3bqi0fB

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia Stinger тестира на Нирбургринг, прашање е погонот

Каков избор на користено возило е: Peugeot 208/207