Kia Stinger тестира на Нирбургринг, прашање е погонот

Фотографии од тестирањето на Kia Stinger со благо маскирана каросерија најавуваат скорешно моделско освежување на знаменосецот на марката. За поголеми стилски измени уште е рано, можно е гран-туризмо лимузината да добие хибриден погон.

Kia ја тестира освежената моделска генерација на Stinger на тркачката патека Нирбургринг. Вообичаено кога ќе се појават фотографиите од „карпараците“ (жаргонски од кар и папараци), сцената почнува да шпекулира околу измените со кои што ќе се појави новиот модел.

Уште е рано за гран-туризмото да претрпи какви било подрастични стилски промени, имајќи предвид дека моделот се појави пред само две години. Може да се очекува единствено нов дизајн на предните и задните светла, како и маската, верно на новиот стилски правец што дизајнерите на Kia го отпочнаа со K5 и со новата генерација на Sorento.

Внатре би требало да пристигнат неколку свежи системи од штотуку претставениот глобален СУВ-знаменосец Sorento, како и да се дополни арсеналот од системи за асистенција, кои напредуваат постојано.

Иако има различна погонска конфигурација, со надолжно вграден мотор и погон назад, во Stinger може да се користат погонските компоненти од плагин-хибридниот Niro

Најголемата неизвесност е што ќе се случи под хаубата? Сцената засега шпекулира дека дволтиарскиот турбо-бензинец и 2,2-литарскиот дизел ќе исчезнат од понудата на погонски единици, и единствено ќе остане 3,3-литарскиот твинтурбо V6. Но, при навраќање на неколку изјави од Алберт Бирман (развој на спортски модели) и Спенсер Чо (продукт маркетинг) при премиерата на Stinger, можно е под хаубата на освеженото моделско годиште да се очекува плагин-хибрид.

Таа можност е мошне извесна, имајќи предвид дека Kia мора да го почитува лимитот за СО2 на ЕУ. Дури, при похрабро прогнозирање, може да се типува и на чисто електрична варијанта на Stinger. Марката вложува многу во електричниот погон и веќе нуди два модели со погон само на струја, со најава за комплетно независен модел и техно-знаменосец што ќе вози на струја – во стилот на концептот Imagine by Kia.

Kia Imagine ќе стане вистински електромобил со 800V и 500 km досег

Kia Imagine ќе стане вистински електромобил со 800V и 500 km досег
Kia Imagine ќе стане вистински електромобил со 800V и 500 km досег

Претходна објаваСледниот Porsche Macan ќе се нуди во верзии на струја и на бензин
Следна објаваБесмислено или генијално: Филтер за воздух за велосипедисти

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here