за

Kia Imagine ќе стане вистински електромобил со 800V и 500 km досег

Kia Imagine ќе стане вистински електромобил со 800V и 500 km досег
Kia Imagine ќе стане вистински електромобил со 800V и 500 km досег

Kia подготвува нов електричен модел со когошто ќе цели кон врвот во овој престижен пазарен сегмент. Бројките што се ветуваат се мошне импресивни, како стилска основа ќе послужи студијата Imagine Concept.

Kia напредува одлично со развојот на електрични модели, и секако, со нивната продажба. Но, марката сега има уште повисоки цели. Актуелниот електричен модел e-Niro, ја дели платформата со уште две изведби на овој модел, едната со хибриден, другата со плагин-хибриден погон. За да се постигнат уште подобри перформанси и да се искористат сите предности што ги нуди електричниот погон, мора да се развива посебен модел, „ексклузивно“ со погон на струја.

Новиот електричен модел во понудата ќе се базира врз комплетно нова платформа за погон на струја, што се води како Electric Global Modular Platform или кусо E-GMP. Според уште неофицијални коментари од менаџери во Kia, новиот модел на струја ќе биде кросовер и ќе стартува со продажба веќе в година. Станува збор за глобален модел, што ќе се нуди во Европа, во САД и на други пазари.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Батерискиот систем ќе работи под напон од 800 волти, капацитетот ќе дозволува досег до близу 500 километри, а со користење на брз полнач со еднонасочна струја, полнењето на батеријата до 80% ќе трае само дваесетина минути.

Kia вложува 25 милијарди долари во развој на електрични автомобили до 2025 година, кога се планира во понудата да има најмалку 11 чисто електрични модели.

Kia, Toyota и Skoda со најмал пад во продажбата во март

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе грижа за велосипедисти во новите германски закони

Повеќе грижа за велосипедисти во новите германски закони

Tesla Model 3 poevtina izvedba

Пазарот во Кина се враќа во нормала, Tesla Model 3 најпродаван електромобил