за

Следниот Porsche Macan ќе се нуди во верзии на струја и на бензин

porsche taycan turbo s
porsche taycan turbo s

Иако електричниот погон му успева одлично и Taycan е меѓу најбрзите спортски автомобили со погон на струја, Porsche не планира да се откаже од бензинските мотори наеднаш.

Шефот за развој во спортската марка од Цуфенхаузен не планира да „пресече остро“, кога станува збор за преоѓањето на електричен погон. Во интервјуто на Михаел Штајнер за германскиот магазин „ауто мотор унд шпорт“, првиот инженер на Porsche открива дека двата вида на погон уште долго време ќе опстојуваат еден покрај друг.

Електричниот погон не е најпогоден за сите региони и за сите подрачја на примена. „Регионите ширум светот не се развиваат подеднакво брзо. На темата одржливост не ѝ се посветува истото внимание насекаде низ светот. Тоа се менува постојано, но не со истата брзина“, открива Штајнер во интервју за магазинот.

За спортската марка на Volkswagen не доаѓа предвид остар рез и преоѓање само на електричен погон, како што планираат некои производители, или како што Tesla настапува уште од самиот старт. „Немаме одредено датум, по којшто ќе престанеме да нудиме модели со мотор со внатрешно согорување. Клиентите, на пример, што влечат приколка, ќе избираат и натаму модел со мотор со внатрешно согорување, затоа што досегот на електричен Cayenne би бил премал при возење со приколка“, посочува Штајнер.

Поголемите модели ќе бидат или плагин-хибриди или бензинци, додека помалите ќе се нудат во електрична или бензинска варијанта

Новата генерација на Cayenne треба да пристигне во 2023 година. Кај помалиот модел Macan исто така ќе постои изведба со бензински мотор, иако приоритетот при конструирањето на овој СУВ-модел е ставен на варијантата со електричен погон. На тој начин Porsche ќе одговори на барањата на различните пазари, како и на разликите во законодавството.

Taycan успешно се проби на пазарот, а во иднина ќе се нудат и дополнителни варијанти. Во помалите модели нема да се вградува хибриден погон, туку ќе постои или бензинска или електрична изведба. „Кај големите и тешки модели, ефикасноста на батеријата уште не е доволна, поради што таму во почетокот ќе одиме на плагин-хибрид“, пишува ауто мотор унд шпорт.

Вистинските автомобили на годината се Porsche Taycan и Tesla Model 3

porsche taycan светски спортски автомобил на годината

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електрични автомобили Канада, Tesla

Tesla работи на подостапни батерии со поголем досег

Kia Stinger тестира на Нирбургринг, прашање е погонот