Фановите одвај дочекаа формула 1 да се врати на Нирбургинг. Уште на дваесетина минути пред почетокот на продажбата, што беше најавен за денес на пладне, падна вебсајтот на Нирбургринг, поради преоптовареност. Управата веднаш најде решение и преку друшвените мрежи ја упатуваше публиката директно до страната за купување билети.
Потоа се покажа вистинскиот обем на интересот. Во рок од само два часа се распродадоа петте илјади билети што беа планирани за првата серија. Веќе во петок, на 25-ти септември, следи втората серија. Доколку се задржи постоечкото ниво на инфекцијата, се планира следните 5.000 билети да се распределат на уште три трибини. Цената за целиот тркачки викенд изнесува најмалку 199 евра.
Од управата на патеката известуваат за вистинскиот бум во интересот на публиката за враќањето на Формула 1 на Нирбургринг: „При најавата во понеделникот веќе насетивме дека е голем интересот, преку бројот на посети на нашиот вебсајт. Потоа со провајдерот договоривме да се зголемат серверските капацитети. Но, и тоа беше недоволно, буквално сме прегазени. Тоа секако дека е добра вест за Формула 1.“
Во следната серија ќе се продаваат билети за трибините Т4 (1-ва категорија / 399 €), T12a (2-ра категорија / 299 €) и T6 (3-та категорија / 199 €).
>>> На Нирбургринг се вози туристички и безконтактно

















