Mitsubishi Eclipse Cross ќе вози со плагин-хибриден погон

Mitsubishi Eclipse Cross добива плагин-хибриден погон

Mitsubishi го привлече вниманието на сцената откако во 2017 година го лансираше Eclipse Cross, како еден од првите СУВ-купе модели во компакт класата. Моделот што постигнува солиден успех во Европа, во САД и секако на домашниот пазар, наскоро ќе се појави во освежена изведба, со радикално сменет изглед на предниот дел и на опашот. Според Mitsubishi, тоа ќе придонесе Eclipse Cross да изгледа повеќе престижно и поенергично.

Промените во дизајнот на освеженото моделско годиште на Mitsibishi Eclipse Cross се раководат според концептот e-Evolution. Дизајнерите на јапонската марка, со изгледот на концептниот автомобил сакаа да се надоврзат на богатото и вредно искуство на Mitsubishi во сегментот на теренските возила, особено од култниот Pajero. Главниот дизајнер на Mitsubishi, Сеиџи Ватанабе, со новите зафати во дизајнот на Eclipse Cross ги потенцира чистите линии и елеганцијата на СУВ во стил на купе. „Eclipse Cross е прв чекор кон следната генерација на дизајнот на Mitsubishi и има уште многу да се види“, најавува Ватанабе.

Покрај верзиите со 1,5-литарски турбо и 2,2-литарсли дизел, СУВ-купето во иднина ќе вози и со приклучен хибриден погон (plug-in hybrid), главно на големите пазари на кои моментно се нуди светскиот бестселер со овој вид на погон, Outlander PHEV. Бројката од преку 260.000 продадени примероци од Outlander со иновативниот погон, претставува своевидна гаранција дека и Eclipse Cross со новиот погон ќе биде атрактивна понуда во својот сегмент.

>>> Тест: Mitsubishi Eclipse Cross 1.5 Intense 2WD

Претходна објаваНирбургринг продаде 5.000 карти за Ф1-трката за два часа
Следна објаваBMW повторно убедува дека M3 и M4 се цивилни автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here