На Нирбургринг се вози туристички и безконтактно

На Нирбургринг се вози туристички и безконтактно
На Нирбургринг се вози туристички и безконтактно

Актуелната криза го погоди и Нирбургринг, местото кадешто се докажуваат најмоќните и највештите – автомобили и возачи. Патеката има посебен концепт кој овозможува нејзино користење во ова време на социјално дистанцирање.

Нирбургринг внимава на здравјето на луѓето што доаѓаат да се забавуваат на најпредизвикувачката тркачка патека во светот. Од 30-ти април, на патеката среде густите германски шуми се вози според концепт што се нарекува „безконтактно туристичко возење“. Повторно е дозволено секој да дојде со својот автомобил, но мора да се внимава на посебните правила.

Ваучерите и билетите се издаваат строго онлајн. За влез на патеката треба да се покаже QR-код или билет. На отворениот пристап на тркалката патека е забрането да се излегува од возилото. Единствено е дозволено да се користи тоалетот, што се дезинфицира редовно. Вториот влез од градот Аденау останува затворен. Вработените имаат поминато обука и носат маски и нараквици. Тие контролираат дали се почитуваат правилата.

Дозволено е најмногу две лица во возило, паркиралиштата затворени

За туристичко возење по патеката се дозволени најмногу две лица во возилото, кои мора да пристигнале заедно. Возачот мора да пополни записник за лицето што го придружувало при возењето, за по потреба да се утврди синџирот на инфицирање. Заради спречување на групно собирање, сите паркиралишта остануваат затворени.

Претходна објаваXpeng личи и може колку Tesla, по половина од цената
Следна објаваУвозниците на Skoda ширум светот помагаат во борбата против корона

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here