Увозниците на Skoda во бројни држави ширум светот учествуваат во борбата против корона-вирусот. Македонскиот Порше неодамна донираше опрема и прибор за болницата „13-ти Ноември“, има примери и во Франција, Германија, Индија.
Увозниците на Skoda ширум светот активно учествуваат со поддршка во борбата против корона-вирусот. Помошта им се нуди на хуманитарните организации, болиците и особено на чувствителните групи на граѓани, на тој начин што им се овозможува користење возила за испорака на храна и лекови, како и за превоз на медицинскиот персонал.
Во „татковината“ Чешка, Skoda донираше 100 возила Octavia за медицинските и социјалните служби, а произведува и заштитни визири за лице. Во Пуна, Индија, локалните фабрики на Skoda донираа финансиски средства за Општата болница Сасун. Во земјите во кои повторно се отворија салоните на марката, преземени се сеопфатни безбедносни и хигиенски мерки за вработените и клиентите.
Бројни активности во Порше Македонија, во борбата против корона-вирусот: Уште пред неколку седмици стартуваше услугата за преземање на возило за сервис од дома, мошне брзо се реагираше и со воведувањето заштитни мерки за вработените и клиентите во салоните и сервисите, а пред десетина денови имаше и донација за болницата „13-ти Ноември“
https://www.facebook.com/PorscheMacedonia/photos/a.146869005345778/3248018395230808/?type=3&eid=ARDN6m9NEY5FoL0PsaQWDLc_zTHbrmya-Da7VPJUYkJPcqxlq5a-B–qPrMPDwfQBozXCEvHY4DTFfvA&__xts__%5B0%5D=68.ARBNGbUgwV_A9XCX2R8kLVbIldGaZGzPZI7MYPAwcWwou3g3EqRiB8Sap6dh2DFjbrwC9VD928ibU17R5Ho-mkMZ4FyaCacq5nEmS1HF8dN2C4bZlrhajeFK5E1N17NyRnK7XY8HJiMsEoEIyIvoOSRuSH4osa8AXgzXmpPXIKIuSvBAbdOlr4o1HHk2XP7yIfzkYhhPq41x6c34ju4Yk-Cb6BEUOdkjj2PiBuO1gKtM-vn_6-0MAuDNnSiFPojK-Vam-dS7jcCts7DXTQ2yF9Ti_crK1nfi-kudgzO60W5QxSdjCJE8KaDbDLtCC5fGIFznqaDjSZC429dlXpj0L4x0gQ&__tn__=EEHH-R
На најголемиот европски пазар за Skoda, Германија, отстапени се за користење неколку возила Skoda Karoq, за волонтери што вршат достава на храна и лекови. Во Словачка, Skoda постави вебсајт skoda-pomaha.sk , на којшто можат да се регистрираат лицата и организациите што имаат потреба од возила во борбата против вирусот.
Во Франција се подржуваат локални иницијативи и се обезбедуват возила за светската непрофитна организација Доктори без граници. Истото е случај и во Шпанија. Полскиот Црвен крст ги користи возилата што се отстапени од увозникот за дистрибуција на храна. Во Белгија и Швајцарија, возилата на увозниците се користат за превоз на медицински персонал.
Во Индија, каде Skoda го раководи целиот настап на концернот Volkswagen, финансиски се подржува изградбата на болнички центар во болницата Сасун во Пуна. Дневно се произведуваат по 500 заштитни визири за лекарите, досега се испорачани вкупно 9.000 визири.
Skoda го продолжи производството на 27-ми април. Воведени се повеќе од 80 обврзувачки заштитни мерки, со цел да се обезбеди максимална безбедност при работата.