за

Skoda повторно произведува во своите фабрики во Чешка

Skoda повторно произведува во своите фабрики во Чешка
Skoda повторно произведува во своите фабрики во Чешка

Од утрово во 6.00 часот повторно се произведува во трите фабрики на Skoda во Чешка. По консултациите со работничкиот синдикат беше договорено да се врати производството на автомобили и компоненти во фабриките во Млада Болеслав, Квасини и Врхлаби.

Skoda го запре производството во домашните фабрики на 18-ти март, заради спречување на ширењето на вирусот. По 39 денови од привременото затворање на фабриките, од денес повторно се работи во чешките фабрики.

Меѓу обемните мерки за хигиена и заштита е пропишано носење заштитни маски, одржување доволно растојание, избегнување на ракување, редовно миење на рацете и „внимателно“ кашлање и кивање. Покрај тоа, на влезот во фабриките се мери телесната температурата по случаен избор.

Skoda го информира својот персонал за заштитните мерки во сите фабрики во Чешка, преку флаери и брошури, како и преку различни дигитални канали. Раководителите и шефовите дополнително ги упатуваат своите тимови за безбедносните мерки што се преземени во одредени подрачја кои се специфични за секој тим.

Продолжено задно стакло е хит кај Skoda Scala

Продолжено задно стакло е хит кај Skoda Scala

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ферари маскиран модел

Ferrari подготвува хибриден SF90 Spider со 1000 КС

Toyota продаде 15 милиони возила со хибриден погон

Toyota продаде 15 милиони хибриди, го поштеди светот од 120 мио. тони СО2