за

Skoda пред 70 години возеше на 24 часа Леман

Во 18-та година на маратонската трка во Леман пред седум децении, фабричкиот тим на чешката марка се бореше со Skoda Sport за второто место во класата до 1.100 сантиметри кубни.

Skoda пред 70 години возеше на 24 часа Леман

По долгата ноќ на 24 часа Леман во 1950 година, што ја издржаа само малку возила, фабричкиот тим на Skoda се наоѓаше на второто место во својата класа. Дури и фабричкиот тим на францускиот фаворит и специјалист за тркачки возила Gordini немаше шанси против Skoda Sport. Чешкиот тим долго возеше петти во генерален пласман.

Успехот дојде сосем неочекувано, затоа што тркачкиот автомобил на Skoda имаше мошне едноставна конструкција. Големата победа изостана, но учеството на Skoda на класичната маратонска авто-трка остана запишано во историјата на компанијата.

Европа во 1950 година се наоѓаше во екот на Студената војна, со железна завеса што го подели континентот. Skoda доаѓаше од „другиот“ свет. Сензација беше уште самата најава на Skoda дека ќе учествува на 24-часовната трка во Леман.

Фабричкиот тим на чешката компанија, што по национализацијата беше преименувана во A.Z.N.P, требаше да се соочи со елитата на меѓународниот мотоспорт. Но, Skoda се потпираше на својата вредна традиција во авто-трките и го прифати предизвикот. Skoda Sport на 24-ти и 25-ти јуни вртеше брзи кругови по патеката во Сарт. Тоа беше прво учество на Skoda Sport на трка, но храброста се исплатеше.

Бројни големи марки имаа проблем да конструираат конкурентен автомобил во годините веднаш по војната. Германските производители не учествуваа на најтешката маратонска авто-трка во светот.

Посебно зачудуваше тоа што во тркачкиот автомобил на Skoda работеше стандардна техника од сериското производство. Основата потекнувапе од првиот повоен модел, Skoda 1101/1102, познат како Tudor (поради двете врати, two door) и претставен во 1946 година. Централната цевна рамка и подвозјето останаа несменети, единствено сопирачките и преносните односи во менувачот беа приспособени за трка. Вез носечката рамка беше поставена лесна и компактна школка од алуминиум. Skoda Sport тежеше само 590 килограми.

Техничарите речиси ја удвоија моќноста на 1,1-литарскиот четирицилиндарец, стандардно со 32 КС. Компресијата порасна на 8,6:1, карбураторот беше сменет со Solex 40, а како гориво се користеше смеша од бензин, етанол и ацетон. Моќноста порасна на 50 КС при 5200 вртежи. Лесниот автомобил постигнуваше крајна брзина од 140 километри на час.

Друга предност на Skoda Sport беше ниската потрошувачка од околу 12 литри. Со едно полнење се возеше четири часови. Вацлав Бобек и Јарослав Нетушил можеа да возат подолги смени од конкурентите.

https://www.facebook.com/412251675493451/videos/313580996381309/

Чесите го држеа второто место во класата S1.1, кога се случи дефект. Поради кршење на осигурувачкиот (зегер) прстен на осовината на клипот, Skoda Sport мораше да ја прекине трката. Правилата предвидуваат возило што ќе остане на патеката да се поправи само со резервни делови и со алатот во возилото. Тоа значеше крај за Skoda Sport.

Ако е за утеха: Ниту половината од автомобилите што стартуваа на 24 часа Леман не ја издржаа трката до крајот. Од петте возила Gordini, ниту едно не го заслужи целното знаме.

Тимот се врати во Млада Болеслав со надеж следната година да ги удвои шансите и да вози со две возила. Но, тоа беше прв и единствен пат, Skoda да вози на Леман. Во 1951 година на францускиот маратон возеше и Porsche 356 во класата S1.1, со време на круг што беше послабо од времето на Skoda 1100 Sport.

Тркачкиот автомобил на Чесите продолжи да вози на други трки. Моќноста растеше постојано и достигна 120 КС во атмосферската верзија, а потоа и 190 КС во верзијата со двоен компресор. Во 1953 година, автомобилот од Леман постави чешки рекорд со 160,1 километри на час.

Автомобилот од Леман денес е во приватна сопственост на Михал Велебни, внук на Јосеф Велебни, еден од основоположниците на Skoda Sport. Михал денес е задолжен за реставрација и одржување на возилата во музејот на Skoda.

New item by Automedia MK / Google Photos

Тест: Skoda Octavia 2.0 TDI DSG Style

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

porsche taycan cross turismo testiranje

Стилско комби доаѓа наскоро во гамата на електричниот Porsche Taycan

Porsche 911 Turbo во минијатура со голема приказна

Porsche 911 Turbo во минијатура со голема приказна