Специјалистот за моделчиња на автомобили Schuco додаде во својата понуда Porsche 911 Turbo од 1975 година, што е изработен во стилот на Магнус Вокер. Неговата модна марка беше мошне популарна на сцената во 1990-те години, прифатена меѓу другото и од суперѕвезди како Мадона.
Моделчето од Schuco е изработено во размер 1:64 и достапно е во ограничен број примероци. Вообичаено за ценетата марка на сцената на малечките автомобили, моделот од типот 930 е изработен од метал.
Магнус Вокер, родум Англичанец, уште во тинејџерските денови бил зафатен од еуфоријата на Porsche, додека уште сонувал за еден ден да поседува автомобил Porsche. Тој денес поседува една од највчепатливите збирки на автомобили од Porsche, сместена во стара фабрика во Лос Анџелес.
Автомобилот во размер е изработен по пример на 911 Turbo од колекцијата на Вокер
За својот 50-ти роденден, Магнус Вокер ја објави автобиографијата „Urban Outlaw“. Книгата го носи поднасловот „Dirt Don’t Slow You Down“. Ова мото, заедно со фотографија од долгокосиот и долгобрадест автомобилски ентузијаст се наоѓаат на кутијата, во којашто ексклузивниот Porsche од Schuco се испорачува по цена од 14,90 евра.
https://www.instagram.com/p/CDvzCHbIZbr/
https://www.instagram.com/p/CEE27Nbp_P8/
















