Ако не е Vespa, тогаш мора да биде Lambretta

Ако не е Vespa, тогаш мора да биде Lambretta

Постои само еден вистински сопарник на Vespa, а тоа е Lambretta. Уште во 1945 година, италијанската компанија Innocenti започна со развој на скутер со име според Ламбрате, дел од Милано.

Бизнисот почна одлично и Lambretta во 1950-те и 1960-те години стана младешки симбол и израз на независност и индивидуализам. Се произведоа над 4 милиони скутери. Убавите времиња завршија со 1960-те години. Производството запре во 1971 година.

Сцената не го заборави името, но бројните обиди за заживување на култната марка завршуваа без успех. Така беше сé додека работата не ја презеде австриската компанија KSR. Со помош на Виторио Тесера, човек што имаше голема заслуга за марката да не западне во заборав, на салонот за мотоцикли во Милано пред три години се роди новата Lambretta. Разликата беше во тоа што Lambretta V200 сега потекнуваше од Австрија.

https://photos.app.goo.gl/KDGNcis5isFArt1L6

Зад новото толкување на изгледот на оригиналот е заслужен австрискиот дизајнер Фон Киска од Салцбург. Познавачите ќе ги препознаат сирената над калникот и логото на Innocenti под правоаглестото светло, исто како и широките странични облоги и острата линија на опашот. Секако, главниот белег останува неподвижниот преден калник, кој е заштитен знак на дизајнот на Lambretta.

Зад традиционалниот дизајн се крие актуелна техника, на пример сите светла се диодни. Основата е полу-монокок челична цевна рамка, на којашто е закачен пластичниот оклоп. Како прибор се нудат безброј додатоци од карбон, кои постигнуваат впечатлив контраст со препознатливата ламбрета-портокалова боја.

https://photos.app.goo.gl/kL8d7XHnFCJ5HCud7

Моторот со воздушно ладење и два вентили по цилиндар потекнува од тајванскиот производител Sanyang. Од работна зафатнина од 169 сантиметри кубни произлегува моќност од 12 КС. Крајната брзина изнесува 100 километри на час. За заокружување на доживувањето се вградува и издув Remus (патем, исто така австриска компанија), со сонорен звук, но фер за околината.

https://photos.app.goo.gl/dwAwk6BzxvqLmaFW8

Тркалата од 12 инчи се доволно големи да се задржи прецизност во возењето и скутерот да се однесува неутрално во возењето. ABS-системот дејствува само на предното тркало, додека амортизацијата повеќе е дотерана во насока на стегнатост, отколку на комфор.

Цената во Австрија изнесува 3.800 евра, што е повеќе од конкуренцијaта, но во цената е вклучено и името Lambretta, со традиционалните бои и италијански стил, со правоаглесто светло и со лого на сите страни.

https://photos.app.goo.gl/SjvTBJD7vdaBYVVU6

 

Претходна објаваPorsche 911 Turbo во минијатура со голема приказна
Следна објаваТоп 10 Најдостапни модели во градската класа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here