за

Skoda Octavia RS со 150 КС на бензин и 115 КС на струја

Skoda Octavia ја добива спортската круна, во форма на RS iV со приклучен хибриден погон. Вкупната системска моќност изнесува 245 КС, спортувањето може да се комбинира со 68 километри на струја.

Skoda Octavia RS iV1

Octavia RS и досега беше под напон, но сега уште повеќе. Новата изведба на спортскиот модел има дополнително iV во ознаката, што укажува дека се работи за електрифицирана Skoda. Тоа ќе биде интересно доживување за традиционалистите, да се уверат дека и електричниот погон може да вози спортски – во случајов приклучен хибрид.

Нови ери почнуваат масовно во концернот Volkswagen. За Skoda исто почнува нова ера, уште една нова ера по неодамнешната светска премиера на комплетно електричниот СУВ со име Enyaq iV. Овојпат се работи за новина во семејството модели RS. Деновиве Skoda Octavia RS iV почнува со продажба на најголемите пазари во Европа. Во Германија, цената за еко-спортистот изнесува 42.267 евра, без ДДВ – земјата масивно го субвенционира електричниот погон, моментно со ослободување во висина од 6.750 евра. Паралелно со лимузината стартува и практичната Octavia Combi RS iV. Посебно за почетокот на продажбата се нуди серијата First Edition, со екстра опрема и со ценовна предност за купувачите.

Погонската спрега ја сочинуваат 1.4 TSI со 150 КС и електромотор од 85 kW (115 КС). Системската моќност им изнесува 245 КС, додека максималниот вртежен момент изнесува 400 њутнметри. Спринтот до темпо сто трае 7,3 секунди, крајната брзина е 245 километри на час. Менувачот е 6-степен DSG, погонот е напред.

Покрај изведбата iV со приклучен хибриден погон, семејството RS го сочинуваат уште изведбата со 2.0 TSI, исто така со 245 КС, и изведба со 2.0 TDI со 200 КС

Податокот за потрошувачката се наведува според посебната норма за приклучни хибриди и се состои од патот што возилото го минува прво возејќи само на струја, плус преостанатиот пат до вкупно 100 километри откако ќе се испразни батеријата за сама да го движи автомобилот: 1,2 литар за лимузината, односно 11,2 kWh/100 km.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Изгледот е според стандардите за RS: Предниот и задниот браник имаат динамичен стил, додека маската, дифузорот, крилцата во предниот браник, капите на ретропвизорите, рамката на прозорците се нагласени во црна боја. Тркалата стандардно имаат пречник од 18 инчи и лакирани се црно, додека зад нив ѕиркаат црвени сопирачки клешти. Спортскиот настап го заокружуваат матрични диодни светла со приспособливо долго светло.

Спортските седишта се црни, опција се ергономски седишта обложени со алкантара и кожа, со извлекување на основата и со масажа. Црвениот или сребрениот штеп од седиштата се повторува на воланот и на арматурната табла што е обложена со алкантара.

New photo by Automedia MK / Google Photos

RS стандардно вози со прогресивно управување, со спортско подвозје и симулација на блокада на диференцијал XDS+. Спортскиот тон во кабината доаѓа од генераторот на звук. Инструментите се дигитални, климата е двоонска, во средината е дисплеј од 10 инчи. Камера ги снабдува со информации системот за следење лента и самостојното запирање при опасност од судир.

>>> Тест: Skoda Octavia 2.0 TDI DSG Style

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla Model 3 е шести најпродаван автомобил во САД

Tesla Model 3 од Кина ќе се продава на европскиот пазар

KIA telluride amerika

Kia во август продала близу 60.000 возила во САД