Kia во август продала близу 60.000 возила во САД

KIA telluride amerika

Американскиот огранок на Kia во минатиот месец продал 57.015 возила, со Forte и Sorеnto како најпродавани модели, соодветно со 8.414 и 7.809 примероци. Продажбите на приватни лица, исклучувајќи ги службените возила, учествуваат со 98 проценти во вкупната продажба. Тоа дава вкупно 56.015 возила, што е втора најдобра приватна продажба на месечно ниво во историјата на kia Motors America.

Резултатите се должат најмногу на големиот СУВ за американскиот пазар Telluride, чијашто продажба во август се зголемила за 11,2 проценти во споредба со претходниот месец. Тоа е историски најдобра месечна продажба на моделот, со вкупно 7.588 примероци.

Одлично се покажува и новиот Seltos, кој има втор рекорден месец во низа и 5.314 продадени примероци во август. Иако сегментот на лимузините се скусува, комплетно новата генерација на K5 – кај нас познат во претходната генерација како Optima – постигна добар старт во минатиот месец и има изгледи да забележи голем раст во продажбата.

Kia Sorento стартува на германскиот пазар од 41.500 евра
Новата генерација на Kia Sorento веќе е на второто место на најпродавани модели во САД, моделот наскоро пристига на нашиот пазар

Директорот за продажба Бил Пефер, ги оценува продажните резултати: „Со рекордни достигнувања на Telluride и Seltos, како и со значително зголемување на продажбата на нашата лимузинска понуда, со комплетно новиотѕ K5 и со популарниот контакт Forte, Kia продолжува да бележи натпросечни резултати во браншата.“ Менаџментот на Kia очекува дека нагорниот тренд ќе се задржи и во третиот квартал, како и во натамошниот период.

Telluride, Sorento и K5 за американскиот пазар се произведуваат во локалните фабрики на Kia.

Продажба на патнички и СУВ-модели на Kia на пазарот во САД

Август Вкупно ’20
Модел 2020 2019 2020 2019
Rio 2,097 2,752 15,900 17,464
Forte 8,414 9,420 55,268 67,005
Optima 3,307 9,259 47,081 68,460
Cadenza 53 126 823 964
Stinger 1,101 1,422 8,879 9,435
K5 3,631 N/A 4,899 N/A
K900 34 39 184 279
Soul 6,968 8,701 48,631 71,642
Niro 1,991 2,352 11,550 16,229
Seltos 5,314 N/A 23,896 N/A
Sportage 7,672 9,593 55,235 58,241
Sorento 7,809 9,160 53,613 64,434
Telluride 7,588 6,374 37,786 34,160
Sedona 1,036 1,532 9,086 10,666
Вкупно 57,015 60,730 372,831 418,979

 

>>> Kia Sorento ќе доаѓа со кабел за струја

Претходна објаваSkoda Octavia RS со 150 КС на бензин и 115 КС на струја
Следна објаваSeat на две тркала и на струја низ Барцелона

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here