за

Непозната историја: Skoda Octavia се произведуваше во Чиле пред 50 години

Издржливата техника и солидната теренска пробивност направија Skoda Octavia Estate во 1960-те години да биде баран модел ширум светот. Комбито се произведуваше неколку години и во Чиле, поточно се додаваа само неколку делови на веќе готовите возила.

Skoda Octavia се произведуваше во Чиле пред 50 години

Во 1960-те години, комби изведбата на Skoda Octavia беше автомобил од соништата за татковците во тогашна Чехословачка. Тоа важеше особено за семејствата што имаа викендичка на село. Иако имаше само три врати, комбито беше ценето поради практичната каросерија. Со должина од преку четири метри, кабината беше мошне просторна. Како врв на сé, Octavia Estate беше издржлив автомобил, со шасија што издржуваше и теренско возење. Меѓу 1961 и 1971 година се произведоа над 54.000 примероци.

Со мотор напред, погон назад и со носечка рамка, автомобилот беше едноставен, но издржлив. Со вреќа цемент назад, за дополнително да притиска врз задните тркала, Octavia можеше да се пробива и по каллив терен. Поради тоа, моделот се бараше и на бројни извозни пазари. Полицијата во Исланд го користеше комбито што беше совршено за суровите теренски услови во земјата, а моделот се извезуваше во Данска, Норвешка, па дури и во Австралија.

Skoda Octavia Estate се изработуваше под лиценца, или целосно или само шасијата, со различна школка монтирана на неа. Комплет делови за монтажа се испорачуваа за погоните во Исланд, Пакистан, Индонезија и Турција. Моделот беше достапен во патничка и во товарна изведба.

Skoda Octavia од американска продукција

Малку е познато поглавјето за возилата што се изработуваа од готови модули за вградување (CKD – Completely knocked down) во Чиле, на преодот од 1960-те во 1970-те години. Во двете години се изработуваа меѓу тристотини и четиристотини примероци од Octavia Estate. Монтажата се вршеше во најосновни услови и речиси комплетно во рачна изработка.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Заради избегнување на царините, работата во Чиле практично се сведуваше на довршување на речиси готови возила. Во фабриката во Квасини, во Чешка, во еден дрвен сандак за транспорт се поставуваше готова и лакирана каросерија, со обложена кабина, а во втор сандак се испраќаа по две пасии. Во Чиле требаше само да се состават каросериската школка и шасијата.

ФАКТИ И БРОЈКИ ЗА SKODA OCTAVIA ESTATE

Моделот имаше премиера на 11-ти септември 1960 на Меѓународниот саем за машинство во Брно, по една година од стартот на производството на „триделната“ ŠKODA OCTAVIA Tudor.

Комбито се произведуваше од 1961 до 1971 година во Квасини, но се монтираше во Исланд, Пакистан, Индонезија, Чиле и Турција.

Вкупно се изработија 54.086 возила, од кои голем број заминаа за извоз. Последниот модел беше произведен на 21-ви декември 1971.

Автомобилот е мошне компактен, со димензии 4065 x 1600 x 1430 mm, но многу е просторен. Багажникот има зафатнина од 690 литри, односно 1.050 литри во изведба со две седишта.

До багажникот се пристапуваше преку дводелен поклопец. Резервното тркало беше сместено оздола, да не мора да се празни багажникот во случај на продупчена гума.

Моторот беше 1,2-литарски OHV, со моќност од 47 КС, односно до 51 КС во 1969 година. Крајната брзина беше 115 km/h, а потрошувачката изнесуваше 8,6 l/100 km.

Дневната продукција изнесуваше најмногу три возила. Причина беше тоа што како работна сила се ангажираа само локални жители, со претходно работно искуство во земјоделството или во трговијата.

Место на подвижна лента, возилата во Чиле се поставува на обична рамка со тркала и со рачка за влечење. Владата подоцна постави услов да се користат повеќе делови од локално производство, како акумулатори, тркала или гуми. Продукцијата во земјата запре во 1971 година и поради политички причини не беше обновена.

Тест: Skoda Octavia 2.0 TDI DSG Style

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Seat Leon стартува од 19.500 евра

Новиот Seat Leon стартува од 19.500 евра

Возачка дозвола стара 110 години во музејот на Mercedes

Возачка дозвола стара 110 години во музејот на Mercedes