Škoda преоѓа на следното ниво на електромобилноста, со првиот модел што е развиен само во изведба со електричен погон и во технолошки поглед го застапува врвот во браншата. На вечерашната премиера на Škoda Enyaq iV во Прага може да се присуствува и виртуелно, чешките авто-производители ветуваат посебно доживување.
Дојде денот на светската премиера на Škoda Enyaq iV, кој се одржува вечерва во Прага, со почеток во 19 часот. Љубителите на марката ширум светот ќе можат да го следат настанот во живо, благодарение на новиот пристап што ги пренесува „виртуелните гости“ директно на местото.
Пред Škoda Enyaq iV да се покаже првпат пред светот, посетителите на дигиталниот павилјон ќе можат да ја разгледаат студијата Vision iV од сите агли. Бидејќи чешката марка одбележува и 125-годишнина, изложени се и неколку модели од долгата историјата на Škoda. Во исто време, експерти ќе споделуваат интересни дополнителни информации околу Enyaq iV.
Значи, местото што треба да се посети вечерва, виртуелно
https://skoda-virtual-event.com/
Новата агенција што своето огнено крштевање го доби со ангажманот околу осмислувањето и организирањето на важниот настан во светски рамки, користи камери во 360 степени, за виртуелната презентација на моделот. На тој начин, посетителите на дигиталниот павилјон ќе стекнат чувство како да присуствуваат на самото место.
Посетителите ќе можат да поставуваат прашања преку каналите на Škoda на друштвените мрежи. Детални информации за студискиот Vision iV и за серискиот модел Enyaq iV ќе може да се преземат. Дополнително може да се проследат и моменти од 17-годишниот ангажман на Škoda во Тур де Франс.
Виртуелниот павилјон веќе е отворен, а преносот во живо ќе започне во 18.40 часот, со неколку интервјуа што ќе претходат на премиерата. Целиот материјал ќе биде достапен два часа по премиерата. Пристапот секако е бесплатен и неограничен.

















