за

Great Wall прв ќе вози со автопилот од новата генерација

Кинескиот концерн издаде еден од досега најголемите налози за испорака на системи за автопилотирано возење во браншата. Great Wall со тоа ѝ прави услуга на целата индустрија, забрзувајќи го воведувањето на следната и понапредна генерација автопилоти.

Great Wall Motors Wey P8 прв ќе вградува автопилот од новата генерација

Компанијата ZF започна со производство на новиот ласерски систем што ќе се вградува прво во возилата на Wey, премиум СУВ-марка на кинескиот концерн Great Wall Motor. Системот овозможува автопилотирано возење од трет степен, што ќе овозможи идните модели на Wey да минуваат самостојно и безбедно подолги делници по автопатиштата.

Познатиот добавувач на автомобилската индустрија ZF доби нарачка од компанијата Ibeo да започне со производство на новиот систем за автопилотирано возење ibeoNext. Првите шаржи ќе им бидат испорачани на клиентите ширум светот веќе од следниот месец. Тоа што посебно го привлекува вниманието е Great Wall Motor. Кинескиот концерн прв ќе го вгради системот во својот нов СУВ-модел од премиум марката Wey, чијшто пазарен старт е најавен за 2022 година.

Сензорскиот систем ibeoNext Lidar се базира врз нов вид на ласерска техника за мерење со помош на фотони. Новата техника дозволува системот да се изведе без подвижни делови. Поради тоа, ibeoNext е повеќе отпорен на временски влијанија и на потреси. Благодарение на истовремената обработка на повеќе ласерски импулси, сензорот е способен да создава високорезолуциски 3D-модел на средината во реално време. На тој начин се распознаваат банкините и ознаките на патот, исто како и возилата, велосипедистите и пешаците. Покрај позицијата, сензорскиот систем го регистрира и движењето.

Ibeo е компанија во којашто ZF учествува со 40 проценти; Производството штотуку започна во Плузане, во близина на Брест, Франција

Лидарските системи (комбинација од ласер и сензор) се клучна технологија за најнапредните степени на автопилотирано возење. Тие се апсолутно супериорни во споредба со останатите системи, во поглед на сигурноста на работа и во најлоши временски услови. IbeoNext овозможува автопилотирано возење од степен 4 (значи возачот може возењето целосно да му го препушти на автопилотот). Напредната технологија сепак ќе поседува предности и при користење во системи за автопилотирано возење од степен 2 (тоа е актуелниот радарски темпомат, со систем за задржување во лента), во поглед на комфорот и сигурноста.

Така изгледа внатрешноста на актуелниот Wey P8, во следната генерација модели ќе се сменат неколку работи со воведувањето на напредниот автопилот
New item by Automedia MK / Google Photos

Кинескиот концерн Great Wall Motor ќе биде меѓу првите компании што ќе го вградуваат ibeoNext во автомобили од сериско производство. Најголемиот производител на СУВ и пикапи во Кина ќе ја користи технологијата на Ibeo за идните СУВ-модели од премиум марката Wey. Лидарскиот систем ќе почне да се вградува во моделите на Wey во 2022 година и ќе овозможи автопилотирано возење од степен 3. Тоа значи дека возачите на новите генерации модели на Great Wall ќе можат да препуштат автопилотот самостојоно да го води автомобилот на подолги делници по автопатиштата.

Не личи посебно спектакуларно, меѓутоа има многу важна улога за следното ниво на автопилотираното возење
New item by Automedia MK / Google Photos

>>> Great Wall Motors одбележува 30 години на автомобилската сцена

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bentley прославува 40 илјади примероци од Flying Spur

Bentley прославува 40 илјади примероци од Flying Spur

Вечерва во 19ч. премиера на електричната Škoda Enyaq во Прага

Вечерва во 19ч. премиера на електричната Škoda Enyaq во Прага