Првата генерација на луксузната лимузина со спортски гени се појави во 2005 година. Деценија и пол подоцна, Bentley ја нуди третата генерација на овој модел, кој во меѓувреме го смени и името. Првата генерација го носеше името Bentley Continental Flying Spur и во основата претставуваше лумузинска изведба на ексклузивното купе Continental GT.
Сите три модели досега се дизајнирани, конструирани и произведувани во домот на секој Bentley, во англискиот Кру. Сосем е разбирливо тоа што и прославата на 40-илјадитиот примерок се одржа таму.
Секој автомобил минува повеќе од 100 часови на подвижната лента во фабриката. Во изработката учествуваат околу 250 вработени. По најстрогите проверки на квалитетот, примероците од Spur се испорачуваат до нивните сопственици во 68 земји ширум светот.
Половина од вкупната продукција на Bentley Flyuing Spur завршила на двата најголеми пазари на марката, во Кина и во САД
Новиот Flying Spur започна со испораки пролетоска. Лимузината долга 5,3 метри и тешка близу 2,5 тони, користи 6,0-литарски W12 со 635 КС и 900 њутнметри, кој обезбедува спринт до 100 km/h за 3,8 секунди и крајна брзина од 333 километри на час. Според новата норма WLTP, просечната потрошувачка изнесува 14,8 литри. Цената на стандардната изведба на британскиот пазар изнесува околу 154.000 фунти, односно над 170.000 евра.
>>> За овој Bentley само данокот чини 33.000 евра