за

Крадење олдтајмери не е добра идеја за „бизнис“

Ретко и скапоцено Porsche 911 Т од 1972 година е откриено на германско-холандската граница, кусо по пријавата за кражба. Овој пример сведочи за добрата организација за заштита на вредните историски автомобили од кражба.

Крадење олдтајмери не е добра идеја за „бизнис“

Старите автомобили вредат многу, а некои од нив ќе вредат и уште повеќе со текот на годините. Можно е вредноста на одредени модели и моделски изведби да се зголеми и неколкукратно. Отсуството на заштита од кражба, каква што имаат современите автомобили, прави јанг- и олдтајмерите да бидат лесен плен за „долгите прсти“. Меѓутоа, постои организирана мрежа што ги открива отуѓените драгоцености на тркала.

Интересен случај околу кражбата на редок Porsche 911 T од 1972 година, кој деновиве е откриен при обид да ја мине границата меѓу Германија и Холандија, во Керкаке. Станува збор за скапоцен примерок од „911“, кој во последниве години посгитнува астрономски раст на вредноста на берзата на олдтајмери.

Тоа што ги штити ваквите вредни олдтајмери од кражба, кои неретко се користат секојдневно иако вредат неколку стотини илјади евра, се онлајн-регистрите за исчезнати автомобили. Со бесплатно пријавување на украдените автомобили на ваков вид платформи се отежнува продажбата на украдените автомобили, затоа што заинтересираните купувачи прво ќе проверат дали понудениот автомобил е „жежок“.

Десетина делови од сетот за идентификација се поставуваат низ целото возило, на места што само сопственикот ги знае

Следниот начин на заштита е вградување на NFC сет за идентификација, што се состои од повеќе делови. На пример, десет или дванаесет „чипови“ се поставени незабележиво по целиот автомобил. Само сопственикот знае каде се поставени тие. Чиповите понатаму се отчитуваат преку мобилна апликација. Така точно се знае за кој автомобил се работи, дури и во случај да биде фалсификуван бројот на шасија.

Секако дека автомобилите што на платформата се огласени како украдени се достапни и за меѓународните органи. Покрај тоа, бројни приватни детективи, обично со претходно искуство во царинските служби, се ангажирани во пронаоѓањето на украдените олдтајмери.

Првиот чекор на крадците обично е менување на бројот на шасија. Украдените возила честопати се оставаат и да „се изладат“ откако ќе се изнесат од државата. Автомобилите остануваат сокриени во период од 12 недели, по што завршува важноста на налогот за интензивна потрага. Највредните автомобили што се отуѓени насилно се оставаат со години да мируваат во шупа или сличен објект што не привлекува внимание. Потоа, органите ги бришат податоците за тие возила.

Како што покажува примерот со јангтајмерот од спортската марка, комбинацијата од оглас, посебен пасивен локатор и специјално дигитално маркирање денес им ја отежнува работата на луѓето што пуштаат раце по скапоцените олдтајмери – веројатно и им ја оневозможува.

>>> Ford им најде крај на кражбите на скапи бандажи

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Почина Осаму Масуко претседателот на Mitsubishi Motors

Почина Осаму Масуко, претседателот на Mitsubishi Motors

Bentley прославува 40 илјади примероци од Flying Spur

Bentley прославува 40 илјади примероци од Flying Spur