за

Kia Niro најпродаван модел во Холандија во август

Кросоверот на Kia ја предводи августовската продажба на автомобили на холандскиот пазар. Не е безначаен фактот што половината од продажбата отпаѓа на електричната верзија на Niro.

Kia Niro најпродаван модел во Холандија во август

Холандија изненади пријатно со зголемувањето на продажбата во јули, меѓутоа трендот не продолжи во август. Тоа што се извојува како посебност на овој пазар е лидерското место на Kia Niro, вториот кросовер на марката во компакт класата, покрај XCeed. Хит-моделот е достапен и во изведба со хибриден, но и со електричен погон.

Во Холандија во минатиот месец биле продадени 26.461 нови патнички автомобили, што е за 21,54 проценти под нивото од минатата година, со 33.724 возила. Пазарните експерти го објаснувааат јулскиот феномен со тоа што во месецот одеднаш се реализираа испораките на возила, кои биле нарачани пред да се затворат фабриките и салоните поради корона-кризата.

Вкупно од почетокот на годината, во Недерланд (како што оттаму потсетуваат дека тоа е правилното име на земјата) се продале 25,22 проценти помалку возила отколку во првите осум месеци лани.

Kia ја предводи продажбата по модели, но води и во конкуренција на марки

Пазарот сепак се одвива добро, барем за некои марки. Тоа важи особено за Kia, чијашто продажба во август пораснала за близу една четвртина во споредба со истиот месец лани. Продажбата главно се темели на кросоверот Niro, чијашто верзијата со електричен погон учествува со повеќе од половина во продажбата. Моментно расте и побарувачката за Picanto.

Топ 50 Најпродавани модели во август 20 во Холандија

KIA NIRO 1.164
VW POLO 781
OPEL CORSA 711
PEUGEOT 208 645
TOYOTA COROLLA 618
TESLA MODEL 3 609
KIA PICANTO 604
VOLVO XC40 554
HYUNDAI KONA 553
RENAULT CLIO 532
VW GOLF 529
PEUGEOT 2008 499
MG ZS 498
TOYOTA AYGO 487
MINI MINI 440
NISSAN MICRA 427
PEUGEOT 108 421
FORD FIESTA 379
MB A-KLASSE 378
CITROEN C1 357
FORD FOCUS 352
OPEL CROSSLAND X 347
CITROEN C3 335
RENAULT CAPTUR 334
TOYOTA YARIS 325
RENAULT ZOE 290
AUDI E-TRON 268
AUDI A3/S3/RS3 246
FORD KUGA 245
FIAT 500 236
PEUGEOT 3008 SUV 228
SEAT IBIZA 227
TOYOTA C-HR 225
VW TIGUAN 225
SKODA OCTAVIA 224
KIA CEED 220
NISSAN LEAF 220
BMW 3-SERIE 211
NISSAN JUKE 210
VOLVO V60 208
HYUNDAI I 10 207
KIA STONIC 206
MAZDA CX-5 206
BMW 1-SERIE 202
VW T-ROC 189
OPEL ASTRA 187
PEUGEOT 5008 SUV 186
MAZDA CX-30 176
SKODA CITIGO 170
VOLVO XC60 159

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вечерва во 19ч. премиера на електричната Škoda Enyaq во Прага

Вечерва во 19ч. премиера на електричната Škoda Enyaq во Прага

Toyota Land Cruiser 2020

Toyota Land Cruiser, еден од малкуте што се теренци