за

Seat Alhambra на супертест на Auto Bild: 100.000 километри без дефект

Семејниот ван на Шпанците ја одушеви редакцијата на водечкиот европски магазин за автомобили. Alhambra без ниту еден дефект мина 100.000 километри. Следат уште 100.000.

Под наслов „патувачкиот џин“, магазинот Auto Bild го објави билансот од првите 100.000 километри со големиот ван што редакцијата го презеде на супертест пред две години. Во моделската изведба со дизел со 170 КС, менувач со двојна спојка, автоматска клима, седум седишта и електромотори за страничните врати и задниот капак, Alhambra 2.0 TDI Ecomotive Style мораше само еднаш да го посети сервисот непланирано, и тоа поради пукнат ветробран од удар од камен.

Seat-Alhambra-AUTO-BILD

При редовното сервисирање на 78.153 километри се покажа и потреба од коригирање на светлосниот сноп на предните светла, што овластениот сервис на Seat во Германија го изврши во рамките на гаранцискиот рок, односно без надомест. Следното што беше заменето на ванот за големите семејства се предните сопирачки дискови и облоги, на 89.486 километри. Alhambra останува на тест во Auto Bild до 200.000 километри.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota разви нов систем за заштита на пешаци

Привлечна понуда од Opel: Corsa 1.2 Selection за 9.390 евра