за

Toyota разви нов систем за заштита на пешаци

Возилата на Toyota во иднина ќе спречуваат удар во пешак со автоматско вртење на воланот, како дополнување на самостојното запирање и зголемување на притисокот во сопирачките.

Новиот систем за заштита на пешаци ќе помогне во спречувањето на удар во пешак во случај кога самостојното сопирање на возилото е недоволно, на пример кога се вози пребрзо или кога пешакот ненадејно стапнува на коловозот пред возилото. Сензорите на системот ги детектираат пешаците, по што се вклучува визуелно предупредување во инструментите, доколку системот препознае опасност од удар.

Pedestrian_Avoidance_Steer_Assist_Overview_Web

Ако возачот во тој случај не реагира, системот активира звучен и визуелен аларм, за да го поттикне возачот, а во исто време се зголемува притисокот во сопирачките и се активира самостојното запирање. Доколку системот утврди дека ударот е неизбежен, како последна мера презема самостојно вртење на воланот, за возилото да го избегне пешакот.

Во последните 12 години во Јапонија се бележи постојано намалување на бројот на жртви во сообраќајот. Во минатата година беа регистрирани 4.411 жртви во сообраќајни незгоди. Најголемиот број на незгоди отпаѓа на пешаците, дури 37 проценти од незгодите се со најнезаштитените учесници во сообраќајот. Цел на Toyota е од 2015 година, системот за спречување на удар во пешак да биде достапен во поголем број на модели и со тоа да се намали неговата цена, а како следна фаза ќе биде почеток со вградувањето на новиот систем со самостојно вртење на воланот.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трите концепти на Mitsubishi: Наследниците на Pajero, ASX и Space Wagon

Seat Alhambra на супертест на Auto Bild: 100.000 километри без дефект