Овој англиски благородник на четири тркала има проживеано бурна историја, почнувајќи од нарачката од Чаушеску, побуната од Москва, секојдневното возење по улиците на Питсбург, до користењето како службен превоз за Нејзиното Височество Кралицата. Овој „еден од пет“ примероци на Rolls-Royce Phantom V од 1966 година, неодамна се појави на наддавање во Аризона.
Во 1966 година, Николае Чаушеску, комунистичкиот диктатор на Романија, посака автомобил. Изборот падна на еден од петте примероци на Rolls-Royce Phantom V што беа изведени како претседателка лимузина, вклучувајќи платнен покрив назад. Автомобилот ги поседуваше сите можни опции, меѓу кои и висинско местење на задните седишта, коктел бар, телевизор, посебни клима уреди за возачката и патничката кабина, ладилник за вино. Со цена малку под 20.000 фунти, тоа беше најскапиот примерок на Phantom V.
https://photos.app.goo.gl/dv8m2EDCRJsMBz9p8
Таков автомобил по капиталистички терк не беше по вкус на Москва. Се шпекулира дека лично Брежњев се побунил за луксузното возило и забранил романскиот комунистички диктатор да го користи возилото. По една година чмаење, фантомот бил испратен назад за Англија. Како замена пристигнал малку поприземен Silver Shadow.
Rolls-Royce веднаш наоѓа купувач за несудениот фантом на Чаушеску
Не минало долго време додека Rolls-Royce пронашол купувач. Во тоа време, Др. Ерл М. Хит и неговата сопруга, од Питсбург, Пенсилванија, престојувале во Лондон заради сервисирање на Silver Shadow на госпоѓа Хит. Во 1968 година, Phantom V пристигнал на американска почва, како единствен примерок од ексклузивниот модел, испорачан на приватен купувач.
https://photos.app.goo.gl/UHGDudxJ1U7Y9oSEA
Сопружниците Хит биле големи колекционери, со неколку примероци Duesenberg од 1950-те во колекцијата, покрај Ferrari и Rolls-Royce. Нетипично за колекционери, тие редовно ги користеле своите скапоцени возила во секојдневието. Истата судбина го снашла и новодојденецот во збирката, Phantom V. За три децении, англискиот благородник минал близу 190.000 километри.
Нејзиното Височество Кралицата двапати се вози во Phantom при своите државнички посети
Во 1975 година, владата на Бермуда контактирало со Хитови, подготвувајќи се за државната посета на Нејзиното Височество Кралицата. Островските власти побарале Phantom V да се користи за превоз на Кралицата. Потоа, во 1983 година, Кајманските острови го побарале несудениот фантом на Чаушеску, исто така за превоз на Кралицата. Во меѓувреме и Принцезата Грејс од Монако го удостоила автомобилот како патничка, за време на нејзината посета на Питсбург во 1978 година.
https://photos.app.goo.gl/cyqjmWQsnZBnp1sr5
По починувањето на Др. Хит во 1992 година, Phantom V преоѓа во сопственост на Том и Катрин Дрискол од Илиноис, за потоа да стане дел од колекцијата Калуме. Во историјата на овој Rolls-Royce се впишуваат уште бројни имиња, меѓу кои и астронаутот Баз Олдрин, за време на Холивудската Божикна Парада. Во 2015 година, автомобилот добива награда за сочуваност.
Во оригинална состојба и со само 260.000 километри, на наддавање во Аризона
Освен неколку мали поправки на лакот и каросеријата, поради мало вдлабнување во сообраќајот по улиците на Питсбург, Phantom V е во оригинална фабричка состојба. Непосредено пред наддавањето во Аризона, возилото имало поминато 161.795 милји, односно околу 260.000 километри.
На наддавањето што се одржа во Феникс, Аризона, англискиот фантом не ја достигна максималната проценета вредност од 1,5 милион долари и се продаде за 445.000 долари. Можеби некое од бројните историски поглавја на автомобилот не им се допаѓаат на колекционерите.
https://photos.app.goo.gl/DnQGHuwaFdXsURG88
https://photos.app.goo.gl/miAv8DvjUjD4L1nv7
https://photos.app.goo.gl/r258YXd1XATDg1vh7
https://photos.app.goo.gl/eeQcF2yd6cStFN7m8
https://photos.app.goo.gl/RaabLU1YmqRUXJYf7
https://photos.app.goo.gl/y1F4Q4cZxB6iZQoq8
https://photos.app.goo.gl/kQCgoKYY2UkTiD7Q6
https://photos.app.goo.gl/pbh3frpmh9zzaehK9
https://photos.app.goo.gl/M1mGMKTDSVr5SBr36
https://photos.app.goo.gl/Cjvg4FvhWw6eoeNu8
https://photos.app.goo.gl/cp1n3UZNENXLrei1A
Пробно возење и за клиентите на Rolls-Royce
Rolls-Royce пристига на јубилејот на Гудвуд со Silver Cloud од 1966 година
Rolls-Royce денес затвора порано – се гледа фудбал
















