за

Замор зад воланот: Неколку совети за одложување на дремката

патување автомобил безбедност

Кога човек е заморен, треба да биде в кревет, место зад волан. И покрај тоа многумина продолжуваат со возење, иако се преморени. Неколку совети за избегнување на опасниот „секунден сон“ во возење

Некогаш се случува по слабо проспиена ноќ да мора да се вози до подалечно место. Постојат и возачи кои избираат да патуваат додека сите други спијат и го користат тоа што автопатот е празен. Но, секогаш треба да се мисли прво на безбедноста, особено во сообраќајот.

Секако дека е најдобро кога човек добро ќе се наспие и ќе седне да вози при дневна светлина. Статистиките откриваат дека најголем број незгоди што се причинети од замор, се случуваат меѓу четири и седум часот. Без разлика во кое време се поаѓа, при подолго патување со автомобил се препорачува да се прави пауза на секои два часа. Времето за одмор треба да се пресмета кога се планира колку долго ќе трае патувањето.

Кога возачот ќе се замори, треба веднаш да прекине со возењето

Направени се бројни анкети, во коишто секој четврти возач признал дека му се случило на кусо да ги затвори очите поради замореност. За тоа да не се случи, уште при првите знаци на замор е потребно возилото да се префрли во десната лента и да се побара најблиското паркиралиште или првиот излез од автопатот. Куса дремка во времетраење од десет до дваесет минути ќе биде доволна. Доколку тоа не помогне доволно, треба да се направат обични вежби за циркулација.

Во новите модели постојат системи за асистенција кои препознаваат кога возачот е заморен и го предупредуваат со звучни и визуелни знаци

Посебни системи за асистенција анализираат, на пример, како возачот постапува со воланот, и препознаваат кога возачот е заморен. Во тој случај обично светнува филџан кафе во инструментите и се слуша предупредување. Овие системи денес се вградуваат сериски во повеќето модели од средната класа и нагоре. Но, не треба да се ведува во делотворноста на овие системи, бидејќи постои опасност филџанот кафе да светне предоцна.

Техниката помага, но најважниот фактор за безбедноста во автомобилот е човекот. Поради тоа, не се преценувајте, патувајте само по доволно одмор и не се двоумете да направите пауза кога ќе почувствувате потреба од тоа.

Неколку совети за безбедно возење ноќе

Неколку совети за безбедно возење во зимски услови

Совети за студените денови: Зимска подготовка на автомобилот

Патување со автомобил ноќе не е најдобар избор

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bridgestone tomtom telematika

Bridgestone ја купи телематиката на TomTom за 910 милиони евра

Rolls-Royce Phantom V Чаушеску

Rolls-Royce што политбирото му го забрани на диктаторот Чаушеску