Марките што го сочинуваат нашето возачко секојдневие не се единствените што организираат пробни возења за новите модели. Rolls-Royce го практикува истото, но малку поразлично
Шест примероци од баснословно скапиот теренец Rolls-Royce Cullinan во понеделникот крстосуваа по улиците во лондонскиот Мејфер. Тоа што го практикуваат големоволуменските марки, за да ги убедат возачите во своите нови модели, очигледно дека не е исклучок и за производителите од врвен ранг. Мала, но квалитетна разлика е тоа што главните протагонисти во ова демо-возење не седеа зад воланот, туку на задната клупа. И никој од нив нема да се побуни за тоа.
Тука не стануваше збор за возачи кои допрва треба да се решат за моделот вреден неколку стотици илјади фунти, не вклучувајќи ги посебните желби, туку за купувачи што имаат платено резервација за престижниот СУВ-модел и ја чекаат испораката во следните месеци.
H.R. Owen е вообичаената адреса кога треба да се набави нов автомобил од најексклузивните марки во светот
Настанот го организираше светски прочуениот дилер H.R. Owen, а „прочуен“ затоа што ги снабдува богатите и убавите со примероци од Bugatti, Aston Martin, Bentley, Ferrari, Maserati, Lamborghini и BAC – вклучувајќи ги најголемите светски мултимилијардери кои имаат најмалку по една адреса и во британската престолнина.
Понеделничките тест-возачи на Rolls-Royce Cullinan и идни сопственици на суперавтомобилот практично можеа да го искусат возилото, во средината во којашто тоа ќе ги превезува откако ќе заврши изработката по специјална нарачка во Гудвуд. H.R. Owen неодамна беше прогласен за најдобар дилер на Rolls-Royce на светско ниво.
СУВ-моделот на марката во сопственост на BMW користи V12 од 6,75 литри, со моќност од 571 КС. Тоа што е особена гордост на техничарите и традиционалистите на Rolls-Royce е способноста на Cullinan да посредува чувство на „летање на волшебен тепих“, по кое што е причуена марката – покрај изработката и неуништливоста.
Во опремата на Cullinan, именуван според брилијантот во британската кралска круна, спаѓаат седишта со масажа, греење и ладење, автоматски пикник-масички назад, осветлување како во кино со автоматски завеси или средишна конзола за две чаши за виски со сопствен дизајн на Rolls-Royce, сад за мраз, ладилник и две чаши за шампањ.
Rolls-Royce пристига на јубилејот на Гудвуд со Silver Cloud од 1966 година
Rolls-Royce денес затвора порано – се гледа фудбал
Автобуси на струја ќе возат низ Лондон
Renault во Англија со 500 фунти попуст за направено пробно возење

















