за

Renault во Англија со 500 фунти попуст за направено пробно возење

renault captur popust britanija

Renault има необична продажна акција во Британија, за купувачите кои ќе направат пробно возење и ќе нарачаат возило до октомври. Нив им следува попуст од 500 фунти

Трговците со автомобили се мошне вешти кога треба да ги рекламираат своите понуди. Попустите не може да се понудат туку така, затоа што заинтересираните купувачи веднаш ќе се посомневаат дека продажбата можеби врви слабо – иако тоа најчесто нема врска со реалноста.

Затоа, британскиот огранок на Renault се погрижи добро да ја спакува приказната. Сите купувачи, кои ќе направат пробно возење пред 2-ри октомври, на било кој модел од патничката гама на марката, исклучувајќи ги спортските модели, добиваат дополнителен попуст од 500 фунти. Попустот важи и при потпишување на договор за финансирање. За некој да не испадне поумен, во условите се наведува и дека „попустот важи за само едно лице по возило“.

Француската марка во следните десетина денови организира посебни дилерски настани на островот, во знак на 120-годишнината на Renault. Нема да биде на одмет да се ѕирне во тамошната понуда за финансирање на Captur, на пример.

renault captur wave

Финансирањето на „најпродаваниот модел на Renault во Британија и најпродаваниот СУВ од Б-сегментот во Европа“, како што се наведува во објавата, во моделската верзија Captur Play TCe 90 чини 209 фунти (са. 233 евра) месечно, на период од 49 месеци. Депозитот изнесува исто 209 фунти, по крајот на договорениот период на користење од 49 месеци, клиентот може да го откупи возилото по цена од 5.059 фунти (са. 5.630 евра) или да потпише нов договор за друг автомобил. Услов е да не се возат над 6.000 милји (са. 9.600 километри) годишно, во спротивно се наплаќа по 8 пени за секоја дополнителна милја. Captur во готово чини 15.300 фунти (са. 17.000 евра), вкупната сума за плаќање исто така изнесува 15.300 фунти – годишната камата е 0%.

Нашите банкари уште не располагаат со толку привлечни понуди за финансирање, но барем имаме ангажирани увозници. Captur кај нас стартува од 12.990 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

олдтајмерциите од стојаково, од стојаково до ница со рено 4 монте карло

Олдтајмерџиите од Стојаково со ВИП-третман во Монте Карло

BMW i3 Lovelace 2

Хотели го користат „електричниот“ имиџ на BMW i3 за привлекување гости