Банката на Mercedes-Benz моментно има еден милион корисници на финансирање или осигурување на возило, на менаџмент на возен парк или директно банкарство со дневни или фиксни позајмици. Има и нови услуги, како наизменично користење на 12 престижни модели по фиксна месечна рата.
Големите производители на автомобили имаат веќе долга традиција во банкарството. Mercedes-Benz Bank, посебно. Класичниот автомобилски кредит таму веќе одамна е минато и заменет е со финансирање со флексибилен завршен договор. Корисникот има избор да го врати возилото, да го продолжи договорот или да го откупи возилото.
Лизингот исто така е заменет со рамна рата, вклучувајќи осигурување и сервисирање. Како што соопштуваат од банката, постои голем интерес и за изнајмување возило, како и за т.н. телематски производи. Планот е финансирањето на возило во иднина да се прошири и на услугите за мобилност, каква што е „carsharing“, а се работи и на специјални понуди за електрични возила.
Mercedes-Benz Bank лани ја одбележуваше триесетгодишнината од своето постоење, и тоа со рекордни резултати. Вредноста на сите финансирани и изнајмени возила изнесувала 26,9 милијарди евра или за 12% повеќе отколку преклани. Во деловните книги фигурираат вкупно 970.000 автомобили, камиони и автобуси. Денес секој втор автомобил на Daimler во Германија е под банкарски договор.
Телематика го следи примерното однесување на возачот и овозможува до 30% поевтино осигурување
Од есеноска на германскиот пазар се нуди и првото телематско осигурување, под името InScore. Корисниците можат да ја изберат ратата, зависно од стилот и времетраењето на возењето, како и од релацијата. На тој начин, ратата може да биде и до 30% пониска од стандардната. Податоците за пресметување на осигурителната премија ги испорачува фабрички вградена телематска единица. Оваа услуга прво беше достапна за новата E-Class, а сега се воведува и за останатите моделски серии.
Дванаесет модели од соништата може да се заменуваат секогаш кога корисникот ќе посака
Уште една нова услуга е „Mercedes me Flexperience“, којашто на корисниците им нуди можност за користење до 12 различни возила по фиксна месечна рата. Станува збор за престижни модели кои се водат како „Mercedes–Benz Dream Cars“. Во отплатата се вклучени сите трошоци, од исугурување и сервисирање, преку поправки, до менување на гумите, со максимално 36.000 километри годишно. Целата услуга се одвива преку мобилна апликација, од изборот на возилото, до преземањето и враќањето. Пробната фаза започува следната недела, во соработка со Beresa и Lueg, кои се најголеми дилерски групи во продажната мрежа на Mercedes.
Овој Mercedes прави Panamera да изгледа здодевно
Mercedes ја спасува честа на дизелот во хибридна комбинација
Кинезите му се лутат на Mercedes поради еден цитат
Mercedes повторно ги натпродаде BMW и Audi
Фабриката во Бремен повеќе не е најголема фабрика на Mercedes
















