Mercedes цврсто ја држи лидерската позиција во премиум сегментот и нема изгледи дека ќе попушти. Со раст од околу 10 проценти, лани е постигната најдобрата продажба во историјата на марката со сребрената ѕвезда. Важни новитети пристигаат во 2018 година: Нови A-Class и G-Class, но и електричен кросовер.
Седум години по ред Mercedes бележи рекорд по рекорд. Продажбата лани се зголемила за 9,9 проценти, на 2.289.344 возила. Растот доаѓа главно од новата E-Class и веќе стандардно од зголемената продажба на теренските модели. Задоволството во Штутгарт е уште поголемо кога ќе се земе предвид дека Mercedes втора година по ред е најпродавана премиум марка во светот – откако по една деценија го презеде лидерството од BMW. Предноста пред конкурентите од Минхен и Инголштат се зголемува, Mercedes бележи најголем раст во германското трио.
Марката со сребрената ѕвезда е лидер во премиум сегментот на пазарите во Германија, Велика Британија, Франција, Турција, Швајцарија, Полска, Португалија, Данска, Чешка, Финска, Грција, Јужна Кореја, Јапонија, Австралија, Тајван, Индија, САД, Канада, Мексико и Бразил.
Во 2018 година од Mercedes пристигаат повеќе од дузина нови модели
Азија повторно е најголемиот продажен регион на Mercedes. Вкупно се испорачани рекордни 875.250 возила (+19,2%). Најголем единечен пазар е Кина, со 587.868 возила и огромен раст од 25,9 проценти. Возачите во Северна Америка не биле толку ентузијастички расположени за германската марка. Пазарот во САД бележи пад од 9,9%, но затоа Канада надоместува со плус од 12,2%. Збирната бројка сепак е за 1,3% подобра резултатот од преклани, со рекордни 400.320 возила.
Секое четврто продадено возило со знакот на Mercedes е модел од компакт класата, односно A или B-Class, CLA, CLA Shooting Brake и GLA. Лани имаше и спектакуларно одбележување на произведениот 5.555.555 примерок од моделската серија што беше воведена во 1997 година. Нова генерација на A-Class ќе биде претставена веќе годинава.
Во својата четврта година, C-Class е најпродавана моделска серијана Mercedes, со преку 415.000 примероци. Не е изненадување тоа што една четвртина отпаѓаат на изведбата со продолжена каросерија којашто се произведува специјално за кинескиот пазар.
Рекордна година за Mercedes E-Class
Втора најпродавана серија со преку 350.000 примероци е E-Class, којашто ја имаше првата полна година во продажба. Тоа е историски рекорд. Со ланскиот фејслифт, знаменосецот S-Class се продал во близу 70.000 примероци. Убедливи бројки постигнува и Mercedes-Maybach S-Class, со вкупно 25.000 возила по лансирањето во 2015 година. Две третини отпаѓаат само на кинескиот пазар.
Сегментот на теренците несомнено е најсилниот адут во гамата на Mercedes, со 805.000 продажби и раст од 14 проценти. Денес секој трет продаден автомобил на марката е теренски модел, најчесто GLC или GLA.

Дванаесетката „модели од соништата“, кадешто спаѓаат купеата, родстерите и кабриолетите, лани освоила за 22,4% повеќе купувачи, со близу 170.000 возила. Најмногу продажби имаат купето и кабриолетот од C-Class. Во 2018 година пристига уште едно засилување, со новата генерација на CLS.
Пазарот ја сака и V-Class (58.000 примероци, +25,7%), додека од пикапот, којшто беше лансиран во ноември, досега се продале над 1.900 примероци главно на европскиот пазар. Годинава X-Class стартува и во Јужна Африка и Австралија, а во 2019 се на ред Аргентина и Бразил.
AMG за првпат со шестцифрена продажба
Во годината во којашто одбележуваше половина век постоење, AMG за првпат во историјата постигна шестцифрена продажба: Вкупно 131.970 возила или за 33% повеќе отколку преклани. Трите главни пазари, САД, Германија и Канада, имале за 40% зголемена продажба.
Успешната година ја заокружува smart, со преку 135.000 возила. Кина е нов пазар за германското мини. За време на еден од локалните празници, во рок од 48 часа се продадоа над 1.400 возила преку интернет.
Годинава следи воведување нови бензински и дизел мотори во постоечките моделски гами. Новата генерација модели со плагин хибриден погон добива 48-волтна мрежа, а премиера ќе има и електричниот кросовер EQC. Неговата продажба започнува в година.
Продажба на модели на Mercedes-Benz Cars во 2017 година
|
декември 2017 |
промена во % |
јан. – дек. 2017 |
промена во % |
|
|
Mercedes-Benz |
193,534 |
+1.7 |
2,289,344 |
+9.9 |
|
smart |
11,895 |
-19.1 |
135,025 |
-6.5 |
|
Mercedes-Benz Cars |
205,429 |
+0.2 |
2,424,369 |
+8.8 |
|
Продажба на Mercedes-Benz по региони / земји |
||||
|
Европа |
75,423 |
-4.0 |
955,301 |
+6.4 |
|
– Германија |
21582 |
-14.3 |
303,528 |
+3.5 |
|
Азија |
72,685 |
+5.7 |
875,250 |
+19.2 |
|
– Кина |
48,140 |
+12.2 |
587,868 |
+25.9 |
|
Северна Америка |
40,367 |
+9.1 |
400,320 |
+1.3 |
|
– САД |
35,203 |
+10.0 |
337,246 |
-0.9 |
















