за

Во Словачка започна производството на новиот Kia Pro Ceed

Kia Pro Ceed pocetok proizvodstvo

Kia Pro Ceed ќе понуди комбинација од спортски изглед и практична каросерија во компакт класата, каква што досега нудеше единствено Мercedes CLA Shooting Brake. Спортското комби високо 1,42 метар потсеќа на уште еден модел, на легендарната Mazda 323F

Во фабриката на Kia во Жилина започна производството на Pro Ceed. Тоа е прво спортско комби од големоволуменска марка во класата на Golf, како пандан на Mercedes CLA Shooting Brake. Практичната каросериска варијанта во гамата на Ceed е долга 4,61 метри, а со висината од 1,42 метар е воедно и најнизок автомобил во компакт сегментот.

Kia Pro Ceed pocetok proizvodstvo 2

Претходната генерација на Kia Pro Ceed беше спортски скроена комбилимузина со три врати. Со зафатнина од 594 литри, багажникот на спортското комби нуди повеќе простор и од некои модели од средната класа. Продажбата на најголемите пазари во Европа стартува во втората половина од јануари.

Mazda 323F (BA, 1994-98)

(Фото: Flickr) Компактот на Mazda во неколку генерации се нудеше како спортска комбилимузина 323F (позната и како Фантом), до којашто е најблиска „shooting brake“ верзијата на Kia Ceed

Како спортски модел во семејството на компактот на Kia, комбито Pro Ceed ќе се нуди исклучиво во врвните нивоа на опрема GT Line и GT. Првото од двете нивоа оди во комбинација со 1,4-литарски бензинец со 140 КС или со новиот 1,6-литарски дизел со 136 КС, додека за GT е резервиран турбо-бензинец со 204 КС. Како опција се нуди седумстепен менувач со двојна спојка.

Kia со забава за пречек на новиот Ceed

Новиот Kia Ceed пристигна во салонот во Скопје

Тест: Kia Sportage 1.6 GDi Vision 2WD

Kia Sportage најдобар избор на СУВ за тинејџерите во САД

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

rolls-royce cullinan probno vozenje

Пробно возење и за клиентите на Rolls-Royce

подготовка за зима, акумулатор

Чист акумулатор има помалку шанси да откаже