Тука се покажуваат разликите во автомобилските стандарди. Додека Kia Sportage кај нас е повеќе од пристојно семејно возило, во САД е прогласена за најдобар избор за тинејџери. Тоа сепак не ги ограничува квалитетите на овој популарен СУВ
Kia Sportage е прогласена за најдобар избор на СУВ-модел за американските тинејџери, во ценовниот сегмент меѓу 25 и 30 илјади долари. Наградата доаѓа од новинската агенција U.S. News & World Report и според уредникот „Sportage треба да е на врвот на листата, доколку сакате да купите безбеден и издржлив СУВ за вашиoт тинејџер“.
Богатиот пакет од безбедносни системи за асистенција имал голем удел во освојувањето на титулата, исто како и технологијата UVO. Станува збор за систем што регистрира секојпат кога тинејџерот ќе излезе од зоната во којашто родителите му дозволуваат да вози или кога ќе ја пречекори дозволената брзина.
Америка секогаш е поблиску до интересот на потрошувачот, отколку на продавачот
Уште една разлика се покажува во формулирањето. Титула што се води како „најдобар автомобил што можете да го купите за вашиот тинејџер за тие пари“, не звучи најсреќно според европското перцепирање на работите. Затоа пак, мошне коректно во избор од овој вид е посочувањето на најдобар избор на користен автомобил, според експертски мислења и искуства. Во многу работи, американското општество повеќе го штити интересот на потрошувачот, отколку на продавачот. Најчесто е така.
Сите победнички автомобили во изборот за американските тинејџери според U.S. News & World Report
Honda Fit (Jazz) · Најдобар автомобил за тинејџери, во ценовен сегмент под 20.000 долари
Hyundai Ioniq · Најдобар автомобил за тинејџери, во ценовен сегмент меѓу 20.000 и 25.000 долари

Toyota Camry · Најдобар автомобил за тинејџери, во ценовен сегмент меѓу 25.000 и 30.000 долари

Kia Sportage · Најдобар SUV за тинејџери, во ценовен сегмент меѓу 25.000 и 30.000 долари

Hyundai Tucson · Најдобар SUV за тинејџери, во ценовен сегмент меѓу 30.000 и 35.000 долари

Останатите победници во изборот:
Toyota Prius Prime · Најдобар автомобил за тинејџери, во ценовен сегмент меѓу 30.000 и 35.000 долари
Toyota Camry Hybrid · Најдобар автомобил за тинејџери, во ценовен сегмент меѓу 35.000 и 40.000 долари
Volkswagen Tiguan · Најдобар СУВ за тинејџери, во ценовен сегмент меѓу 25.000 и 30.000 долари
Buick Verano (2014-2015) · Најдобар мал користен автомобил за тинејџери (од 14.000 долари нагоре)
GMC Terrain (2014) · Најдобар мал користен СУВ за тинејџери (од 16.000 долари нагоре)
Toyota Camry (2015) · Најдобар среден користен автомобил за тинејџери (од 16.000 долари нагоре)
Chevrolet Traverse (2015) · Најдобар среден користен СУВ за тинејџери (од 23.000 долари нагоре)
Buick LaCrosse (2015) · Најдобар голем користен автомобил за тинејџери (од 21.000 долари нагоре)
















