за

Серијата 8 на BMW ќе вози и без покрив

Кабриолет од серијата 8 на BMW

BMW ја продолжува моделската офанзива во луксузниот сегмент. По купето од новата серија 8, коешто веќе стартуваше со производство, следен е кабриолетот. Тој моментно се тестира во регионот на Лас Вегас

Нема одмор додека BMW освојува нов сегмент на пазарот, или поточно ја комплетира понудата во класата кадешто клиентите на марката досега ги услужуваше единствено лимузината од серијата 7. Престижното купе од серијата 8 стартува со испорака во ноември, а во тој период и новиот теренец X7 ќе го има своето прво појавување пред јавноста. Во меѓувреме се јавува и третиот член во новата моделска постава од врвот на понудата на баварците – кабриолетот од серијата 8.

Kabriolet serija 8 BMW 3

Тест-прототипите на идниот кабриолет моментно се наоѓаат на проверка на специфичните функции, на релација меѓу Лас Вегас и злокобната Долина на смртта во САД. Тоа буквално е „жешката фаза“ од развојот на кабриолетот до сериски модел. Сé што функционира тука, ќе функционира и на секое друго место. Изложувањето на температури од преку 50 oC ги напрега подеднакво и механичките и електронските делови. Дополнителен фактор е правта.

Серијата 8 на BMW го продолжува поглавјето на славниот BMW 850i од 1990-те

Во комар-оазата Лас Вегас чекаат други предизвици. Во сообраќајот на „Лас Вегас Стрип“ се запира и поаѓа на секој метар, а по напуштањето на цивилизацијата следат земјените патишта по Маунт Витни и маратонски тури меѓу брегот на Пацификот и Карпестите Планини. Кабриолетот практично ги минува истите тури што претходно ги совлада купето од серијата 8.

https://www.flickr.com/photos/127653547@N06/44443592541/in/dateposted-public/

Долината на смртта е предел во когошто човек најмалку би посакал да се одвезе со кабриолет. Но, условите се како измислени за специјалните тестови на инженерите на BMW. По повеќечасовно изложување на сонце се тестира функционирањето на електрониката во кокпитот, на озвучувањето на сензорите и камерите на системите за асистенција, на дисплеите, поврзувањето, местењето на седиштата – и секако, клима уредот.

Посебен предизвик за електрониката е возење по славната Хувер Дам. Исклучително силните електромагнетни бранови од турбините влијаат врз електронските системи во возилото – токму од тие причини BMW ја тестира заштитата од тие влијанија покрај оваа позната брана на реката Колорадо

По тестирањето во услови на пустинска жештина, агендата за секоја нова моделска серија на BMW опфаќа и комплетна програма во центарот за зимско тестирање во Арјеплог, Шведска, како и безброј кругови на тест-патеката на групацијата BMW во Мирамас, Франција, и секако, на Нирбургринг. Дури откако ќе се извозат илјадници километри во овие екстремни услови, инженерите даваат одобрение за престижното автомобилско парче, како серијата 8 на BMW, да влезе во сериско производство.

[FAG id=34727]

Сите убави работи се во три: Нова серија 3 на BMW

BMW X7 успешно ги заврши тестовите за преживување

По купето од серијата 8 на BMW следат кабриолет и купе-лимузина

Ова се конкурентите на серијата 8 на BMW

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

renault arkana

Renault Arkana како прв СУВ-купе во класата – и само за Русија

Kia Sportage teenager sad

Kia Sportage најдобар избор на СУВ за тинејџерите во САД