за

Емили на Rolls-Royce сега гледа на друга страна

Rolls-Royce е една од најстарите автомобилски марки во светот. Традицијата сепак не ја спречува компанијата да биде во чекор во времето.

Емили на Rolls-Royce сега гледа на друга страна

Работите во Rolls-Royce се менуваат. Марката на кралевите и императорите, веќе неколку години нуди спортски изведби од своите ексклузивни модели, а се случуваат и други крупни промени. Просечната возраст на клиентите на Rolls-Royce се спушти на 43 години. Сега се менува и логото што англиската марка го користи при комуникацијата со јавноста.

Светот се дигитализира, секојдневието се дигитализира, Rolls-Royce исто така. Светот се менува толку што дури и Rolls-Royce, како една од автомобилските марки што најмногу се потпираат на своите традициски корени, трпи промени. Со зачестеното дигитално присуство на марката, менаџментот во Кру цени дека сега е најдобро време, преку промени во визуелниот настап да се нагласи нејзиниот благороднички карактер.

„Го започнавме фасцинантното патување кон модернизацијата на идентитетот на нашата марка, со цел да ги пренесеме промените во нашето портфолио, демографијата на клиентите, нивниот животен стил и луксузниот свет што ги опкружува“, мудро заокружува шефот Торстен Милер Отвос.

На дизајнерското студио Пентаграм му беше доверена одговорната задача да ги приспособи симболите на луксузната марка според новото време. Промените досегаат до самиот темел врз којшто е изградена препозантливоста на англиската марка, до фигурата Емили. Дамата што го отелотворува „Духот на екстазата“, во комуникацијата на марката со јавноста ќе биде прикажана дводимензионално и со мали, но значајни промени во формата. На самите возила секако дека не се менува ништо во изгледот на Емили.

Контурите се помазни, но тоа што е најважно, Емили повеќе не гледа во лево, туку в десно. Тоа значи дека марката сега е повеќе ориентирана кон иднината, место како претходно, строго кон својото минато икон традицијата.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Монограмот со двојното RR не се менува. Името на марката Rolls-Royce Motor Cars отсега ќе се биде напишано во типографија во стил на арт деко од 1930-те години. Зборовите Motor Cars се напишани поситно, додека двете R се покрупни.

Боите исто така се сменети. Отсега ќе се користат и виолетови тонови, особено во нијансите што го оддаваат благородничкиот тон. Новата препознатлива боја на Rolls-Royce е „Purple Spirit“, придружена со метализирана розево златна боја, што ќе се користи само во печатените форми.

>>> Rolls-Royce исто има свој AMG: Изведба „Black Badge“ за скапоцениот теренец

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

lexus венеција филмски фестивал

Електричен Lexus меѓу филмските ѕвезди во Венеција

електричен автомобил polestar 2 први испораки volvo

Шведска, Норвешка и Германија први возат електричен Volvo-Polestar