Електричен Lexus меѓу филмските ѕвезди во Венеција

lexus венеција филмски фестивал

Lexus четврти пат е официјален автомобилски партнер на Биенале Синема, на Венецијанскиот филмски фестивал. На светски прочуениот фестивал што ќе се одржува во Венеција меѓу 2-ри до 12-ти септември, јапонската престижна марка ќе биде присутна со возен парк од 36 автомобили. Актери, режисери и други познати лица ќе се довезуваат до црвениот тепих во Lexus.

Откако Кејт Бланшет во почетокот на септември ќе го отвори 77-то издание на „Venice International Film Festival – La Biennale di Venezia“ во својство на претседателка на жирито, заедно со италијанската актерка Ана Фољета, во следните две седмици сé ќе минува под знакот на ѕвездите, филмовите и страста што го сочинуваат светот на кинематографијата.

Посебна ѕвезда ќе биде новиот Lexus UX 300e. Тоа е првиот модел на Lexus со целосно електричен погон. Покрај тоа што кросоверот со погон на батерија ќе ги превезува протагонистите до главната сцена на одвивање на прославата на филмот, туку тој ќе ја доживее и својата национална премиера. UX 300e ја отелотворува визијата за Lexus Electrified: Станува збор за мобилност со нулта емисија на штетни материи и со единствен спој меѓу комфор, перформанси и дизајн.

Lexus и годинава ја потврдува поврзаноста со киното: Свет со којшто ја делиме способноста да ги поттикнеме чувствата, исто како и занаетчиската умешност и интелигентната примена на најнапредни технологии

Маурицио Перинети, директор на Lexus во Италија

Филмска фасцинација ќе шири и Lexus LC Cabriolet, во улогата на нова дизајнерска и динамична икона на Lexus. Отворената каросериска изведба на моделот во најпрестижната серија од Toyota првпат ќе се појави пред италијанската јавност. Комплетното семејство СУВ-модели на Lexus ќе се грижи за шатл-превозот, заедно со лимузината од вишата класа Lexus ES и со купето LC. Секако, овие модели ја користат најновата хибридна погонска техника на Lexus и на Toyota.

>>> По најубавите есенски рути низ Македонија со Lexus UX

Претходна објаваИлон Маск најавува Ден на батеријата на 22-ри септември
Следна објаваЕмили на Rolls-Royce сега гледа на друга страна

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here