Rolls-Royce исто има свој AMG: Изведба „Black Badge“ за скапоцениот теренец

rolls-royce cullinan black badge
rolls-royce cullinan black badge

Благородната британска марка во 2016 година првпат ги претстави изведбите Black Badge на своите модели. Намерата беше да се излезе во пресрет на клиентите што го ценат врвниот престиж и луксуз на Rolls-Royce, но воедно сакаат сами да седнат зад воланот и да уживаат во динамично возење. Тоа беше сосем спротивно на вообичаената слика, кога сопственикот е сместен комотно во фотелјите назад и се вози бавно, достоинствено. Со оваа серија, Rolls-Royce понуди еден вид AMG или M GmbH за своите клиенти со дебел паричник.

Овој радикален потег наиде на одлична прифатеност и големиот теренец Cullinan сега се појавува во изведбата Black Badge, којашто шефот Торстен Милер-Отвос ја цени како „највпечатлив и најтемен приказ на Black Badge досега, крал на ноќта“.

Наспроти 44.000 бои што Rolls-Royce ги нуди за својот СУВ, за Cullinan Black Badge е достапна само една боја, црна. Секако, лакот на возилото се состои од 10 слоеви, кои се нанесувани и полирани со врвно занаетчиско мајсторство. Британците се толку радикални со оваа серија, што и светиот знак на марката, Емили односно „Духот на екстазата“, исто така е во црна боја.

https://photos.app.goo.gl/aLmVTEcsyoNcQNbH9

Сите каросериски детали што се изведени со скап хром кај „обичните“ изведби, тука се затемнети. Тоа важи за амблемите, маската, рачките, отворите за воздух, издувните цевки. Бандажите од 22 инчи се изработени посебно за оваа серија. Првпат за Rolls-Royce, сопирачките клешти се лакирани, секако во црна боја.

Футуристичкиот Rolls-Royce повторно дома по четиригодишна светска тура

Неколку куси приказни за 115-годишнината на Rolls-Royce

Печатот на серијата е уште повеќе присутен во внатрешноста. Главен елемент е карбонот, изработен во стил на куќата, со впечатлив тридимензионален ефект. Секој лист карбон се покрива со шест слоеви лак, по што следат 72 часови сушење и потоа рачно полирање. Процесот трае 21 денови. Во автомобилот има најмалку 23 вакви делови.

Импресионира и таванот што е обложен со кожа и испреплетен е рачно со 1.344 оптички влакна чијшто завршетоци служат како светилка. За деталите по целата кабина е создадена нова жолта боја, којашто прави моќен контраст со темните бои

Black Badge секако важи и за погонската спрега и подвозјето. Кога возачот ќе го притисне копчето „Low“ покрај бирачот за возење, моторот V12 со своите 6,75 литри ослободува дополнителна моќност, што е придружено со соодветно длабок звук од издувот. Со дополнителните 29 КС и 50 Nm, се постигнуваат вкупно 600 КС и вртежен момент од 900 њутнметри.

https://photos.app.goo.gl/bReixqXpmxCGJQhDA

Во „спортската“ програма се менува и логиката на 8-степениот автоматик од ZF, се приспособува и управуваната задна оска, а на тоа соодветно реагира и подвозјето, коешто се грижи за дополнителна динамика.

https://www.instagram.com/p/B5F2tACJ7yh/

https://www.instagram.com/p/B5S1sr5pK3c/

 

Претходна објаваRenault Espace: Освежување за најпрестижниот француски автомобил
Следна објаваКако е наместен дуелот меѓу пикапот на Tesla и Ford F-150

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here