Футуристичкиот Rolls-Royce повторно дома по четиригодишна светска тура

rolls-royce 103 EX vrakanje
rolls-royce 103 EX vrakanje

Британската престижна марка автомобили деновиве го прославува враќањето на футуристичкиот концепт RollsRoyce 103EX, којшто беше посебно развиен за прославата на стогодишнината на матичниот концерн BMW.

Претставен премиерно во 2016 година, овој радикален автомобил поседува целосно електричен погон, вози со автопилот и поседува најнапредно ниво на вештачка интелигенција. Кралската марка го разви овој „103EX“ со цел да прикаже како ќе изгледаат најлуксузните возила и возењето во нив во некоја не толку блиска иднина.

По официјалното претставување во прочуената „Roundhouse“ во Лондон, футуристичкиот Rolls-Royce кусо се врати во Гудвуд, од кадешто замина на глобално патешествие, со појавување на најразлични настани за клиентите и за медиумите ширум светот.

Светска турнеја за Rolls-Royce 103EX организирана исто како за музичка ѕвезда

Спектакуларниот 103EX се врати во „Домот на Rolls-Royce“ во посебно изработен транспортер, заедно со тимот специјалисти коишто ја придружуваа долгата тура, одржувајќи го и подготвувајќи го возилото за бројните настани.

https://photos.app.goo.gl/U6wdy6PdZtkFxkTz8

Торстен Милер-Отвос, шефот на Rolls-Royce Motor Cars, изјави: „Со одушевеност го пречекавме враќањето на 103EX во неговиот дом во Гудвуд. По близу четири години во светска мисија, почувствувавме дека е време овој експериментален модел да се врати дома. За тие што работеа на проектот, ова е шанса да се заживеат големи сеќавања, а за луѓето што неодамна ни се придружија, шанса да запознаат еден од најважните автомобили што го имаме изработено досега.“

По сиот публицитет што го предизвика на неговата светска мисија, Rolls-Royce 103EX нечујно се паркираше на своето место во салонот на британската марка. Неговата работа сепак беше „гласна“.

https://www.instagram.com/p/B2pXJjUHQ4f/

https://www.instagram.com/p/B16UiMyJ4xl/

Претходна објаваПреполовен бројот на посетители на салонот во Франкфурт
Следна објаваMini што вози 200 km на струја и неколку километри на бензин

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here