за

Воведната серија од Ram TRX со 702 КС се распродаде за три часа

Специјалистот за пикапи Ram соопшти дека воведната серија за моделот 1500 TRX со мотор V8-Hemi се распродала за само три часови.

Воведната серија од Ram TRX со 702 КС се распродаде за три часа

Планираните 702 примероци од Ram 1500 TRX Launch Edition што производителот очекуваше да ги продава малку подолго време, буквално беа разграбани за три часа. Бројот на примероци во специјалната серија од моделот е ист со бројот на коњски сили: 702 КС.

Побарувачката за пикапи на американскиот пазар не само што не стивнува, туку и бележи нови рекорди. Своевиден рекорд би можело да биде разграбувањето на серијата од 702 примероци од Ram 1500 TRX Launch Edition за само три часа откако почнаа да се примаат нарачки. Како што објавивме претходно, станува збор за специјална верзија на Ram 1500 со мотор Hemi V8 од 6,2-литри, кој со механички компресор постигнува 702 КС.

Првиот човек на Ram, Мајк Ковал, сигурно има причина да биде горд на своето менаџирање: „Потопот што го предизвика побарувачката за нашиот Ram 1500 TRX Launch Edition ги оправдува нашите напори да го пуштиме најбрзиот, најстартен и најмоќен пикап на пазарот. Кажавме дека Ram 1500 TRX Launch Edition ќе оди брзо. Тоа го мислевме во секоја смисла“.

Производството на супер-пикапот ќе стартува во последното тромесечје од годинава. TRX ќе излегува од фабриката во Стерлинг Хајтс, Мичиген. Специјалната воведна серија се разликува по каросеријата во сива боја, што е ексклузивна за серијата. На средишната конзола во црвена боја е поставена алуминиумска плочка со бројот на возилото во серијата. Опременоста исто така е ексклузивна, со озвучвуае од Harman Kardon со 19 звучници , со дводелен стаклен покрив и карбонски украсни плочи во кабината.

>>> Ram 1500 TRX е најбрзиот и најсилен пикап во светот

ram 1500 trx
Ram 1500 TRX

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Топ 5 Најдобар избор на компактен СУВ

Топ 5 Најдобар избор на компактен СУВ

Трамп бара да не се купуваат гуми Goodyear

Трамп бара да не се купуваат гуми Goodyear