за

Од велосипед до тркачки болид, секој Peugeot во верзија на струја од 2023

Само малку му останува на Peugeot, да го понесе насловот на марка што има најголема понуда од електрични возила во Европа.

Од велосипед и скутер, до доставно комбе и тркачки хиперавтомобил за 24 часа Леман, секој производ на тркала што носи знак Peugeot, од следната година ќе биде достапен во најмалку една изведба со електромотор во погонот.

Peugeot ја најавува 2023 како година на забрзана електрификација на понудата од модели. Уште во првото полугодие, францускиот производител ќе постигне сите модели на Peugeot да бидат достапни во најмалку една изведба со електрифициран погон.

Од електрични велосипеди до фургони, електрични скутери и семејни автомобили, Peugeot ќе ги покрие сите видови на превоз. Тоа е уште еден чекор поблиску до конечната цел, од 2030 година Peugeot во Европа да продава само електрични возила со нулта емисија на штетни материи.

Се најавува додавање на уште еден вид на електрифициран погон во понудата на марката. Тоа ќе биде благ хибриден погон, како основен, но сосем делотворен вид на електрификација. Овој погон во почетокот ќе се понуди во СУВ-моделите 3008 и 5008. Основата ја сочинува нова генерација на моторот PureTech, со 136 КС. Погонската комбинација ќе ја дополнува електромотор, што ќе биде вграден во менувачот со двојна спојка. Електромоторот ќе добива енергија од компактна батерија со напон од 48 волти.

Целта на благиот хибриден погон е повеќе да се асистира при поаѓање и при одржување умерено темпо на пат, отколку возилото да се движи на струја. Тоа што електромоторот ќе биде вграден во менувачот, значи и дека тој ќе биде во состојба на одредено растојание самостојно да ги движи 3008 и 5008. Французите наведуваат дека енергијата во батеријата е доволна за големите СУВ-модели да поминат до 1 километар чисто на струја, со умерено темпо. Овој вид на електрификација е сосем делотворен, инженерите ветуваат екстра њутнметри при поаѓање, за моторот да биде колку е можно порастоварен, а ефектот ќе биде за 15 проценти намалена потрошувачка на гориво.

New item by Automedia MK / Google Photos

Благиот хибриден погон понатаму ќе се нуди низ целата гама. Меѓу останатите големи новини за 2023 година се e-308 и нов е-208, со елеткромотор и батерија од „тристотката“. Peugeot прв во концернот Stellantis ќе го вградува новиот благ хибриден погон.

Старт на e-308 и e-308 SW: Затоа Peugeot вели дека 2023 е „електрична година“ за марката

Веќе богатата понуда од 100% елеткрични модели на Peugeot, во 2023 година ќе биде проширена со новите e-308 и e-308 SW, значи чисто електрични изведби на Peugeot 308. Комби-изведбата SW ќе биде прв модел од европски производител, достапен во чисто електрична изведба.

New item by Automedia MK / Google Photos

Електричните компакти доаѓаат со нова генерација електромотори, од партнерската компанија на Peugeot. Моќноста изнесува 115 kW (156 КС), меѓутоа главната новина е во подобрената ефикасност, односно намалената потрошувачка на струја. Мерено во WLTP циклус, новите Peugeot e-308 и e-308 SW трошат 12,7 kWh на сто километри, помалку од кој било модел од Ц-сегментот. Тоа воедно ќе овозможи и продолжување на досегот, на преку 400 километри.

Уште еден важен новитет е електричната изведба на фастбек-кросоверот 408, покрај неговите изведби со приклучен хибриден погон. Со тоа ќе се заокружи понудата во сите сегменти, почнувајќи од Peugeot e-208 до Peugeot e-Traveller, вклучувајќи ги e-2008, е-308, е-308 SW и e-RIFTER.

Стоилјадниот“ Peugeot e-208 ја добива техниката од e-308 и уште толку добива пазарен залет

Клучниот модел во електро-гамата сепак е e-208. Како што објавивме претходно, во e-208 ќе се вградува новиот електромотор од e-308, со што и моќноста расте на 156 КС, за 15% повеќе од постоечкиот модел. Исто се подобрува и ефикасноста, па потрошувачката на енергија е спуштена под 12 kWh/100 km. Секако дека тоа влијае и врз досегот, којшто се зголемува за 10,5 проценти и со тие дополнителни 38 km, Peugeot e-208 од следната година ќе вози 400 километри со полна батерија. Доколку стои на располагање брз полнач со 100 kW, батеријата се полни од 20% до 80% за помалку од 25 минути. Сé е беспрекорно тука.

Peugeot 308 отсега вози и само на струја

Големо присуство во гамата на Peugeot имаат моделските изведби со приклучен хибриден погон

PEUGEOT 308 и 308 SW со приклучен хибриден погон се достапни во верзија со 180 или 225 КС, со електричен досег до 60 километри. Овие погонски единици се вградуваат и во новиот Peugeot 408, којшто својата светска премиера ќе ја доживее на претстојниот салон во Париз, што се одржува меѓу 17-ти и 23-ти октомври.

Peugeot 3008 оди уште еден степен погоре, и покрај изведбата со 225 КС, нуди и верзија со 300 КС и погон на сите тркала, со електричен досег до 59 km. Гамата од модели со приклучен хибриден погон ја заокружуваат лимузината 508 и комбито 508 SW, во изведба со 225 КС, односно со 360 КС и погон на сите тркала, во верзијата на PEUGEOT SPORT ENGINEERED.

Peugeot 3008 Hybrid4 е лав со одмерен залак

Целата експертиза на Peugeot се потврдува и докажува со хиперавтомобилот PEUGEOT 9X8, којшто во јули почна да вози за бодови во светското првенство во издржливост WEC, за в година да се појави и на 24 часа Леман.

Водородот веќе се пробива забрзано кај компаниите од логистиката, а Peugeot секако дека не доцни да го фати бранот. Peugeot e-Expert Hydrogen ги полни боците со водород за само 3 минути, а згора на тоа и постигнува досег (400 km) како возило со обичен погон. Со моќност од 100 kW и вртежен момент од 260 Nm, водородниот фургон може да носи до 1.000 kg товар, во простор со зафатнина од 6,1 метри кубни.

Има електрична новина од Peugeot и за „моторџиите“

New item by Automedia MK / Google Photos

На салонот во Париз ќе биде претставен нов 100% електричен скутер, PEUGEOT e-Streetzone. Досегот во верзијата со две батерии изнесува до 112 km. Посебноста е во отстранливите батерии, што значи дека тие може да се приклучат за полнење дома или в канцеларија. Конечното заокружување на сите видови превозни средства следи со шесте електрични велосипеди на Peugeot Cycles.

Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест · Suzuki Vitara 1.5 Strong Hybrid 140V

Со 620 КС: Најсилниот Audi со заден погон, R8 Coupé V10 GT RWD