Audi Sport GmbH има нов суперавтомобил, R8 Coupé V10 GT RWD со 5,2-литарски V10, без турбонатполнење, со моќност зголемена на 620 КС. Тоа прави новиот GT да биде најсилен модел на Audi со заден погон во историјата. Нов 7-степен менувач со двојна спојка постигнува побрзо менување на степените. Уште една новина е режимот на возење Torque Rear, за возачот да може самостојно да го избере степенот на асистенција на контролата на стабилноста ESC.
Седумте степени на Torque Rear се избираат преку сателитите на воланот. Audi ќе произведе само 333 примероци од новиот R8 GT. Новите и ексклузивни детали надвор и внатре се омаж на првата генерација на R8 GT. Меѓу нив спаѓа плочката со серискиот број, специјални тркала и комбинација од црвена и црна боја во ентериерот. Испораката почнува во 2023 година, цената во Германија е 225.000 евра.
Во споредба со R8 V10 performance RWD со 570 КС, којшто е основа за второто издание на R8 GT, моќноста е зголемена за 50 КС. Со тоа се достигнува нивото на моделот со погон quattro. Максималниот број на вцртежи е 8.700 во минута, вртежниот момент постигнува максимум 565 Nm, меѓу 6.400 и 7.000 вртежи.
Спринтот на R8 GT трае 3,4 секунди до 100 km/h, додека брзина од 200 km/h се постигнува по само 10,1 секунди. Крајната брзина е 320 km/h. Заслуга за екскплозивниот старт има и новиот 7-степен менувач со двојна спојка, со скусено време на промена на степен и скусени преносни односи. Посебен детал на V10 се вшмукувачките мостови што се лакирани во сјајна црна боја.
Произведуван во ексклузивната мануфактура во Белингер Хефен, новиот R8 GT прв добива режим Torque Rear. Контролата на тракцијата (ASR) го регулира пролизгувањето на задните тркала, а таа е дел од ESC. Системот ASR нуди седум степени, од степен 1 со малку пролизгување, до степен 7 со многу пролизгување. Тоа дозволува возачот да избере степен што одговара на условите, на возачката способност, и секако дека првенствено е наменет да се користи на тркачка патека.
















