108
36 shares, 108 points

Три модели ќе се најдат кај дилерите на Opel во Русија уште во текот на годинава. Zafira Life и Vivaro ќе се произведуваат локално, Grandland X ќе пристига директно од германската фабрика.

Opel е во извозна офанзива и го потврдува враќањето на рускиот пазар уште во текот на оваа година. Продажбата ќе стартува со три модели на Opel: Од фабриката во германскиот Ајзенах ќе пристига Grandland X, додека новите Zafira Life и Vivaro во доставна изведба ќе се произведуваат за локалниот пазар во фабриката на PSA во Калуга. Се планираат и други модели за рускиот пазар.

Во земјата ќе профитираме како германска марка со долга традиција и одлично име“
Михаел Лошелер, шеф на Opel

Вклучувајќи го украинскиот пазар, кадешто Opel се продава од лани, концернот очекува заедничката продажба на сите марки во регионот да се зголеми трипати до 2021 година. За почеток, меѓу 15 и 20 дилери во најголемите градови во Русија ќе го преземат дилерството на Opel, со план нивниот број за неколку години да се зголеми за повеќе од двојно.

Планот е секој десетти Opel до 2025 година да се продава надвор од Европа

До средината од следната декаца, повеќе од 10% од вкупната продажба на Opel треба да доаѓа од пазарите надвор од Европа. За таа цел се зајакнува присуството на постоечките пазари во Азија, Африка и Јужна Америка, а до 2022 година се отвораат и претставништва на преку 20 нови пазари.

Во минатите неколку месеци, Opel додели дилерства на партнери во Јужна Африка, Мароко, Тунис и Либан. Во Украина, германската марка се води како дел од локалната организација на PSA.

Opel во Русија, Peugeot во Северна Америка, Citroen во Индија

Opel првпат профитабилен по 20 години

Opel Zafira, колку си пораснала!

Opel поставува 160 полначи за електромобили во Риселсхајм


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

108
36 shares, 108 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *