Mitsubishi во последниве две години постигнува најголем напредок во продажбата во САД меѓу азиските марки. Еден од најголемите „мотори“ за зголемувањето на продажбата е Eclipse Cross, стилски кросовер што од пред неколку месеци се нуди и на нашиот пазар.
Американскиот ограник на Mitsubishi објави дека во минатиот месец продал 19.599 возила на големиот пазар, што претставува зголемување од 36,9 проценти во споредба со истиот месец лани. Јапонската марка со тоа ја постигна втората најдобра продажба на американскиот пазар по март 2004 година.
Најмногу придонес за одличниот резултат постигнуваат кросоверите Eclipse Cross и Outlander Sport, како што на пазарот во САД е името на кај нас добро познатиот ASX. Нивната продажба во третиот месец од годинава се зголемила за дури 60% во споредба со март лани.

Вкупно во првото тромесечје се продадени 42.067 возила во САД или 17,6% повеќе отколку во истиот период во 2018 година. Повторно, ова е најдобар квартал на Mitsubishi во САД по 2004 година.
Outlander имаше историски најдобра продажба во март, со 7.923 примероци. Неговата популарност се должи и на тоа што моделот е достапен во верзија со седум седишта. Mitsubishi во исто време ја проширува и дилерската мрежа, со седум нови дилери во март.
Продажба на Mitsubishi во САД
|
|
Март 2019 |
Март 2018 |
2019 |
2018 |
|
Mirage |
2880 |
3106 |
6242 |
5532 |
|
Lancer |
3 |
773 |
0 |
2062 |
|
Outlander Sport |
5309 |
4674 |
12457 |
13430 |
|
Outlander |
7923 |
4789 |
13740 |
13099 |
|
Outlander PHEV |
341 |
373 |
631 |
996 |
|
Eclipse Cross |
3143 |
604 |
8997 |
653 |
|
Вкупно |
19599 |
14319 |
42067 |
35772 |
Mitsubishi Eclipse Cross прогласен за најдобар нов модел во Русија
Англиски дилери на Mitsubishi дизајнираат L200 по сопствена замисла
Renault, Nissan и Mitsubishi стануваат рамноправни партнери
Eclipse Cross стартува со продажба: Сé од Mitsubishi, во едно
















