169
29 shares, 169 points

Увозникот на Mitsubishi во Велика Британија ги предизвика своите дилери на креативност. Тие дизајнираат L200 по сопствена замисла, а публиката ќе гласа за најдобриот дизајн. Автомобилот на крај ќе биде изработен во реална верзија и ќе се појави на салонот во Бирмингем.

Дилерите на Mitsubishi во Велика Британија се натпреваруваат во дизајнирање. Тие уште во јануари добија задача од својот принципал да креираат сопствена изведба на пикапот L200, кој во меѓувреме се појавува во петтата генерација. Професионални дизајнери потоа ги пренесоа креациите од дилерите во дигитална форма.

Пет дизајни избрани за финале се натпреваруваат за најмногу допаѓања, коментари и споделувања

Денес, петте најдобри дизајни се објавени на профилите на Mitsubishi Motors UK на твитер, фејсбук и инстаграм. Пикапот што ќе освои најмногу гласови ќе биде прогласен за победник, а тоа ќе е знае веќе во следниот четврток, на 21-ви март.

Од победничкиот концепт ќе се изработи и уникатен примерок, кој на крајот ќе се појави пред публиката на салонот на автомобили НЕЦ во Бирмингем, од 30-ти април до 2-ри мај.

Веројатно и спектакл-мајсторите во нашиот Мак Аутостар веќе имаат дојдено на слична идеја. Но, кај нас веќе „по традиција“ не се одржува салон на автомобили. Ниту саем. Дизајнери, имаме. Во Mercedes.

Posted by Mitsubishi Motors in the UK on Monday, March 11, 2019

Posted by Mitsubishi Motors in the UK on Tuesday, March 12, 2019

Renault, Nissan и Mitsubishi стануваат рамноправни партнери

Mitsubishi го прикажува идниот Outlander во Женева?

Eclipse Cross стартува со продажба: Сé од Mitsubishi, во едно

Mitsubishi Eclipse Cross со 80.000 продажби за една година

Македонска гордост на салонот во Женева: Славче Таневски и Mercedes CLA


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

169
29 shares, 169 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *