Сервисерите на АДАК без многу работа со моделите на Mitsubishi

mitsubishi space star
mitsubishi space star

Клубот АДАК води темелна статистика за дефектите поради коишто се повикуваат нивните сервисери во случај на дефект на пат. Таа покажува дека возачите на Mitsubishi се меѓу тие што најретко имаат потреба од помош.

Mitsubishi Space Star и класичарот ASX се покажаа како едни од најиздржливите модели во статистиката на дефекти што ја води германскиот клуб на возачи АДАК. По оценувањето на 3,75 милиони случаи во коишто сервисерите на клубот лани пристигале на помош, во случај на дефект на возилото на пат, моделите на Mitsubishi се во категоријата на возила со најмалку дефекти во своите класи.

Во статистиката на дефекти на АДАК за 2020 година, прикажани се 113 различни модели од 25 автомобилски марки. За одреден модел да се оцени како најиздржлив во својата класа, потребно е тој да биде меѓу 40-те проценти модели со најмалку дефекти, во сите моделски годишта. Овој критериум го исполниле само една третина од сите модели во статистиката. Посериозните проблеми обично се јавуваат кај постарите годишта и моделите кај коишто тоа е случај не може да се пласираат високо на листата на АДАК.

Кај Space Star и ASX, моделите се во зеленото подрачје во сите категории на дефекти. Тоа важи и за постарите годишта, кога се докажува исклучителната издржливост на овие модели во споредба со конкуренцијата. Space Star, модел што остави мошне позитивен впечаток на нашиот тест пролетоска, кај АДАК се вбројува меѓу моделите со апсолутно најмалку дефекти. На секои 1.000 регистрирани возила од овој модел во Германија, стари до две години, АДАК интервенирал само 1,5 пат. Тоа е рекорд во сите класи на возила што се опфатени во статистиката. Резулатите се примерни и за кросоверот ASX, кој исто така се наоѓа во групата модели со врвна издржливост во компакт класата.

Тест: Mitsubishi Space Star 1.0 Entry

Претходна објаваFord Focus и Fiesta наскоро со благиот хибриден погон од Puma
Следна објаваА, кој(a) го измисли првиот ретровизор?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here