за

Ford Focus и Fiesta наскоро со благиот хибриден погон од Puma

Ford Focus и Fiesta наскоро со благиот хибриден погон од Puma
Ford Focus и Fiesta наскоро со благиот хибриден погон од Puma

Пристигањето на новата Puma во салонот на Ford го означи и стартот на т.н. масовна електрификација на понудата од модели на марката со синиот овал. Идниот хит-СУВ е достапен во верзија со благ хибриден погон. Овој погон наскоро треба да ги „освои“ и Focus и Fiesta. И други.

Погонската спрега што користи стартер-генератор, мала батерија и 48-волтна мрежа, почнува да се шири во моделската понуда на Ford. Во минатиот месец во салонот на Ми-Да Гранд Моторс имаше премиера СУВ-моделот врз основа на Fiesta, Puma. Тоа беше соодветна најава дека пазарот на автомобили во Македонија постешено се „враќа во лента“. Заедно со новиот модел, пристигна и нова погонска опција во Ford – благ хибриден погон.

Станува збор за стартер-генератор, кој ги заменува класичните стартер и алтернатор, и кој во одредени услови функционира како електромотор, односно како генератор. Кога се сопира или возилото се остава да се движи под инерција, енергијата на залетот на возилото се претвора во елеткрична енергија, односно се полни малата батерија. Енергијата во батеријата е доволна за поддршка на бензинскиот мотор при забрзување или за одржување умерено темпо, со што се смалува потрошувачката на гориво, првенствено во град.

Суштинската разлика со класичниот хибрид е во тоа што електромоторот тука не може самостојно да го движи возилото – заштедата е помала и чувството во возење не е толку посебно, но заштедата пак е прифатлива

За разлика од класичниот хибрид, чијшто електромотор може самостојно да го движи возилото, кај благиот хибриден погон тоа не може да се случи. Значи, станува збор за меѓурешение, но добредојдено решение, кога производителите мора да ја скусат емисијата на СО2, за Комисијата на ЕУ да не им изрекува милионски казни. Доброто е во тоа што има корист и во возачкото секојдневие.

Ford Puma Ми-Да Гранд Моторс
Ford Puma во салонот на Ми-Да Гранд Моторс

Погонската варијанта што Ford ја води како EcoBoost Hybrid или уште mHEV, е дотолку повеќе симпатична сто тоа што „доплатата“ чини 400 евра. Наспроти класичната изведба на Ford Puma со 125 КС и почетна редовна цена од 22.500 евра, „благохибридната“ изведба чини 22.900 евра во нивото Titanium. Кај градскиот-СУВ има уште една mHEV изведба, со 155 КС и со цена од 24.500 евра во истото ниво.

Нашиот увозник уште нема најави и ценовници со варијантите на Ford Fiesta и Focus со EcoBoost Hybrid, но затоа може да се погледне на германскиот пазар, кадешто истите веќе се објавени. Ford Fiesta ќе биде достапна во истите mHEV-варијанти како нејзината сестра Puma, што значи со 125 и со 155 КС. Двете варијанти користат шестстепен мануелен менувач, до кого што пристига вртежен момент од 210 Nm при 1750/min, односно 240 Nm при 2500/min. Крајната брзина по иситот редослед изнесува 203, односно 219 km/h, спринтот трае 9,4 и 8,9 секунди.

Споредба на потрошувачката кај Ford 1.0 Fiesta EcoBoost Hybrid и 1.0 EcoBoost

(во варијанта со 125 КС, во литри на 100 километри, според норма NEDC)

1.0 EcoBoost Hybrid
1.0 EcoBoost

Во град

5,2-4,8

6,2-5,8

На пат

4,0-3,6

4,3-3,9

Просек

4,5-4,0

5,0-5,6

Емисија на СО2

100-93

113-104

Хибридната Fiesta во Германија чини 21.750 евра во ниво Titanium, наспроти 19.900 евра за верзијата со 1.0 EcoBoost со 95 КС. „Обичната“ верзија со 125 КС се нуди само во комбинација со автоматски менувач и чини 23.250 евра – објавувањето на германските цени секогаш се покажува делотворно за злонамерниците што разгласуваат дека македонските увозници продавале скапо. Единствено е „проблем“ тоа што EcoBoоst Hybrid не е достапен со пониските нивоа Trend и Cool & Connect.

Ford Focus, најпродавани модели ГерманијаИстите погонски варијанти ќе се нудат и во Focus, вклучувајќи ја и комби-моделската изведба Turnier. „Доплатата“ за mHEV-погон тука чини точно 350 евра: Ford Focus 1.0 EcoBoost Hybrid со 125 КС чини 22.850 евра во нивото Titanium. За посилната варијанта со 155 КС се потребни 28.050 евра, но таа е достапна понувајќи од нивото Titanium.

Благ хибрид ќе се нуди и во компактниот СУВ-модел на база на Focus, во новата генерација на Kuga. Кај него, стартер-генераторот сепак ќе биде комбиниран со дволитарски дизел мотор, со 150 КС и во верзија само со преден погон. Kuga ќе се нуди во уште една хибридна варијанта, како приклучен (плагин) хибрид, со 2,5-литарски бензинец и системски 225 КС.

Уште два дизели со стартер-генератор се очекуваат во поннудата на Ford: Tourneo Custom EcoBlue Hybrid и Transit EcoBlue Hybrid со дволитарски дизел. Многу новитети претстојат во овој поглед во Ford.

Повеќе за електрификацијата во Ford >>> Овие 18 модели на Ford ќе добијат електромотор до крајот на 2021 година

Десет работи што Ford сака светот да ги знае за Mustang Mach-E

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зошто не е умно да се искалува бес врз пумпа за гориво

Зошто не е умно да се искалува бес врз пумпа за гориво

mitsubishi space star

Сервисерите на АДАК без многу работа со моделите на Mitsubishi